Свет
Најмалиот човек на светот почина на 27 години
Најмалиот човек во светот, способен самостојно да оди, починал во болница во Непал на 27-годишна возраст, пренесе Би-би-си.
Кагендра Тапа Магар од Непал беше висок 67,08 сантиметри. Неговиот брат за новинската агенција АФП изјави дека Кагендра починал во петокот по боледување од пневмонија.
Комитетот за рекорди на „Гинис“ изјави дека неговиот низок раст не го спречил овој жител на Непал да има интересен живот.
Тој беше прогласен за најмал човек во светот на неговиот 18-ти роденден во 2010 година.
„Не се гледам себеси како мал човек. Сметам дека сум голем човек. Се надевам дека добивањето на оваа титула ќе ми овозможи да го докажам тоа како би обезбедил пристоен дом за себе и за своето семејство“, изјави Кагендра при врачувањето на признанието.
Откако влезе во Гинисовата книга на рекорди во 2010 година, тој патуваше низ светот и се појави на телевизија во Европа и Америка. Исто така стана официјален претставник на непалската кампања за туризам.
По неговата смрт, најмал човек способен самостојно да се движи е Колумбиецот Едвард Ернандез, кој е висок 70,21 сантиметри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.
Свет
Кина остро го осуди убиството на Хамнеи, повика на прекин на воените дејствија
Кина соопшти дека „остро го осудува“ убиството на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи од страна на САД и Израел и повторно повика на прекин на воените дејствија, пренесува „Гардијан“.
Министерството за надворешни работи во Пекинг наведе дека станува збор за „тешко кршење на суверенитетот и безбедноста на Иран, како и на целите и принципите на Повелбата на ОН и основните норми на меѓународните односи“.
„Кина решително се спротивставува и остро го осудува тоа“, се додава во соопштението, со повик за „итен прекин на воените операции“.
Осудата следеше по телефонски разговор меѓу кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји и рускиот министер Сергеј Лавров, за кој кинеските државни медиуми јавија дека бил инициран од руската страна. Ванг изјавил дека „дрското убиство на суверен лидер и поттикнувањето на промена на режим“ од страна на САД и Израел е „неприфатливо“.
Фото: depositphotos

