Свет
Пукање во ноќен клуб во САД, има и жртви
Непознат напаѓач доцна синоќа отворил оган пред ноќен клуб во Канзас Сити, при што убил најмалку еден и ранил 15 луѓе, пренесува „Еј-би-си њуз“.
Осомничениот наводно починал на местото на инцидентот, а полициските службеници не пукале за време на настанот. Портпаролот на полициската станица рекол дека засега нема апсења.
Според информациите, напаѓачот почнал да пука во редица луѓе што чекале да влезат во клубот. Полицијата на паркинг пронашла двајца мртви, жена и маж, пишува „Индипендент“.
Властите потврдиле дека за време на инцидентот загинале две лица, од кои еден, најверојатно, е осомничениот за пукањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Видео од моментот на преземање на заложничките од страна на израелската војска
Објавена е снимка на која израелската армија ги презема трите заложнички кои денес ги ослободи Хамас, како дел од договорот за прекин на огнот.
Девојките се пренесени во Израел.
🔴Μια στιγμή που δεν θα ξεχάσουμε ποτέ: Η Emily, η Romi και η Doron μεταφέρονται από τον Ερυθρό Σταυρό στους IDF 🇮🇱🎗️❤️ pic.twitter.com/ndH9UJISJC
— Israel in Greece 🇮🇱🇬🇷 (@IsraelinGreece) January 19, 2025
Објавена е и фотографија од заложничката Емили Дамари. Емили има преврзана рака, но изгледа добро расположена.
Свет
„Би-Би-Си“: Договорот за прекин на огнот во Газа можеби е најкревкиот во историјата на Блискиот Исток
Иако во Газа е постигнат договор за прекин на огнот, Блискиот Исток останува симбол на сложената историја исполнета со конфликти, краткотрајни мировни договори и прекршени договори.
Секој нов договор доаѓа со товар на недоверба и гнев, зацврстувајќи ги позициите на екстремните фракции. Сегашниот договор, сепак, можеби е најкревкиот досега, со Газа во урнатини, а Израел сè уште се оптеретува од последиците од 7-ми октомври.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговите десничарски сојузници цврсто ја отфрлаат идејата за палестинска држава, и покрај широкиот консензус дека тоа е единствениот пат кон траен мир. Иако анкетите покажуваат пад на довербата во решението за две држави, повеќе од 60 отсто од Палестинците и израелските Евреи претпочитаат мир и нормализација врз основа на овој модел, наместо продолжување на војната.
Регионалниот контекст дава надеж – регионалните сили покажуваат поголем ангажман, додека САД, под водство на новиот претседател Доналд Трамп, кој очигледно е подготвен да преземе одлучувачки чекори, продолжува да игра клучна улога. Времето ќе покаже дали овој договор може да донесе промени. Историјата учи дека мир можат да постигнат само оние кои учествувале во конфликтот, а прашање е дали овојпат ќе има доволно волја за тоа.
Свет
Израел почна да ослободува 90 палестински затвореници
Израелската затворска служба денеска почна да префрла 90 палестински затвореници во затворот Офер во близина на Рамала на окупираниот Западен Брег според договорот за прекин на огнот, објавија локалните медиуми.
Израелскиот Канал 12 објави дека 78 затвореници ќе бидат ослободени на Западниот Брег, а останатите 12 во Источен Ерусалим.
Тројца израелски заложници од вкупно 33 денеска беа предадени на ИД од Хамас.