Свет
(Видео) Повеќе ракети ја погодија Зелената зона во Багдад, активирани сирените во Амбасадата на САД
Три ракети експлодираа во силно утврдената Зелена зона во Багдад, во која се сместени Амбасадата на САД и други странски дипломатски објекти. Нема пријавени жртви, пренесува РТ.
Најмалку две експлозии избувнаа во близина на Амбасадата на САД во понеделникот вечерта, а третата ракета слета на друго место во Зелената зона. Нападот бил изведен од населба на периферијата на Багдад.
“Rocket attack alarms sounding off multiple times on the #US #Baghdad Embassy Complex and Union III. Heard the booms myself on Union III. Speakers telling all to take shelter immediately.” pic.twitter.com/F1lpbWm9RE
— Nafiseh Kohnavard (@nafisehkBBC) January 20, 2020
Видеоснимките што кружат на социјалните медиуми прикажуваат област во близина на комплексот каде што може да се слушнат сирени за итни случаи. Нападот следува по серијата слични инциденти во последните неколку недели. Минатиот вторник експлодира ракета во близина на кампот „Таџи“ – база на американската коалиција северно од Багдад, при што беше повреден најмалку еден ирачки војник.
Неколку дена пред тоа осум ракети „катјуша“ ја погодија воздушната база „Ал-Балад“, друг објект во кој се наоѓаат американски трупи, при што беа повредени четворица Ирачани.
BREAKING: At least two Katyusha rockets hit #Iraq capital, Baghdad’s Green Zone- the first in few days lull after near daily incidents. Alarm sirens can be heard sounding through heavily fortified zone. No casualties reported yet. pic.twitter.com/nHqZLu26pB
— Arwa Ibrahim (@arwaib) January 20, 2020
Ниту една група не презеде одговорност за нападите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Секој Евреин што ќе гласа за Мамдани е глупав човек
Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика Евреите во Њујорк да не гласаат за кандидатот на левото крило на Демократската партија, Зохран Мамдани, нарекувајќи го „докажан мразител на Евреите“.
„Секој Евреин што ќе гласа за Зохран Мамдани е глупaв човек!“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social, обвинувајќи го 34-годишниот кандидат дека „ги мрази Евреите“. Мамдани, муслимански демократски социјалист роден во Уганда, е познат поддржувач на палестинската кауза и застапник на кампањата за бојкот и санкции против Израел.
Во обид да ги смири реакциите, Мамдани во последните месеци јавно се изјаснува против антисемитизмот. Тој води во анкетите со 41 отсто поддршка, пред поранешниот гувернер Ендру Куомо, кој има 34 отсто и ја има поддршката на Трамп.
Трамп претходно се закани дека ќе му ги ускрати федералните средства на Њујорк ако Мамдани победи на изборите за градоначалник.
Свет
Глобалното затоплување ќе ја надмине границата од 1,5 степени, предупредува ОН
Светот нема да го исполни климатскиот цел од ограничување на затоплувањето на 1,5 степени Целзиусови, соопшти Програмата на Обединетите нации за животна средина (UNEP). Според годишниот извештај, поради недоволните мерки за намалување на емисиите на стакленички гасови, глобалната температура во следната деценија ќе ја надмине целта утврдена со Парискиот договор од 2015 година.
UNEP предупредува дека сегашните политики водат кон раст на температурите од 2,3 до 2,5 степени, што ќе биде „тешко да се преобрати“. Иако е постигнат напредок во однос на пред десет години – кога прогнозите укажуваа на пораст до четири степени – емисиите и понатаму растат, бидејќи земјите се потпираат на јаглен, нафта и гас за производство на енергија.
Овие податоци, според агенцијата, дополнително ќе го засилат притисокот пред климатскиот самит COP30, на кој државите ќе разговараат за побрзо финансирање на мерките за ублажување на глобалното затоплување.
Свет
Германија им нуди пари на Авганистанците ако се откажат од доаѓање во земјата
Германската влада им понудила финансиска надомест на Авганистанците кои имаат одобрение за прием во Германија, доколку доброволно се откажат од тоа одобрение за влез во земјата.
Според документот на Германското друштво за меѓународна соработка, понудата се однесува на околу 660 лица кои сега се во Пакистан. Поединци што ќе прифатат, ќе добијат еднократна исплата — 1500 евра во Пакистан и дополнителни 5000 евра како „помош за нов почеток“, но со тоа ќе се откажат од сите идни побарувања кон германската влада.
Министерството за внатрешни работи објаснило дека не може да гарантира навремен завршеток на програмата за прием поради административни пречки и рокови што ги поставила пакистанската влада.
Хуманитарни организации ја осудија понудата, нарекувајќи ја „лоша“ и „недоволна“. Според нив, износот не го покрива ниту дел од трошоците што бегалците веќе ги направиле, а враќањето во Авганистан би значело ризик за нивниот живот под талибанскиот режим.
Во меѓувреме, неколку авганистански семејства што поднеле тужби против германската држава успеале да добијат дозвола за влез и пристигнале во Хановер.

