Регион
Судијката што ѝ го одзеде синот на Северина добила подароци од 330.000 евра

Судијката Теа Голуб, која пресуди синот на Северина Вучковиќ да живее со татко му Милан Поповиќ, се нашла во центарот на скандалот кога се открило дека била на луксузен одмор во истиот хотел во кој бил српскиот бизнисмен.
Кога почнало да се поставува прашањето од каде ѝ се парите за седумдневно зимување, кое чини колку две нејзини плати, таа го дала на увид својот имотен лист.
Со плата во Општинскиот граѓански суд во Загреб од речиси 1.700 евра таа поседува импозантен имот. Меѓутоа, тоа не го стекнала, туку го добила подарок, тврди таа.
Во имотниот лист на Теа Голуб стои дека поседува стан од 103 квадратни метри во Загреб, вреден 200.000 евра, и гаража од 19 квадратни метри, вредна речиси 23.000. За двете недвижности таа изјавила дека ги добила подарок. Подарок добила и часовник од 4.000 евра и друг накит од 5.500 евра. Во две банки, напишала таа, има вкупна заштеда од 98.000 евра. И тоа го навела дека е подарок.
Многу поголем имот поседува сопругот на Теа Голуб, но не го навела ниту неговото име ниту неговиот бизнис. Според она што судијката го напишала во имотниот лист, тој е косопственик на нива и куќа во вредност од 10.000 евра, куќа од 361 квадратен метри во Загреб, вредна 340.000 евра.
Јај рубриката „извор на стекнување имот“ се наведуваат приход од несамостојна работа, кредит и подарок. Партнерот на судијката исто така има колекција часовници од 20.000 евра, што тој самиот си ги купил, како и виолина од 6.700 евра, што ја добил. Тој исто така поседува акции во три трговски и инвестициски фондови.
Хрватските медиуми тврдат дека Теа Голуб и нејзиниот сопруг не би можеле да го стекнат тој имот со платите што ги добиваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.