Свет
Вухан ги покани експертите од СЗО да помогнат во борбата против новиот корона вирус
Администрацијата на градот Вухан и кинеските власти ги поканија експертите од Светската здравствена организација (СЗО) да помогнат во борбата против ширењето на новиот корона вирус 2019-нКоВ, изјави заменик-шефот на кинеската Национална здравствена комисија, Ли Бин, пренесува ТАСС.
„Градот Вухан секојдневно ги објавува информациите за новиот корона вирус и спроведува интензивна работа за известување за населението. Поканивме експерти од СЗО, Хонг Конг, Макао и од Тајван да дојдат во Вухан за да ја проучат ситуацијата и да учествуваат во работата за спречување на ширење на вирусот“, рече Ли.
Тој посочи дека Пекинг ќе остане целосно транспарентен во борбата против новиот корона вирус и навремено ќе ги извести сите земји, вклучително и Русија, за успесите во спречувањето на ширење на вирусот.
Според последните извештаи, бројот на смртни случаи при избувнување на новиот корона вирус во Кина достигна девет, а потврдени се и 440 случаи на заразени со вирусот. На 31 декември кинеските власти ја известија Светската здравствена организација за појава на нов вид пневмонија во градот Вухан во централна Кина. На 7 јануари кинеските специјалисти го утврдија вирусот зад инфекцијата – корона вирус 2019-нКоВ. Сите сомнителни случаи на новата пневмонија биле тестирани за корона вирус.
На 20 јануари кинеската Национална здравствена комисија потврди дека корона вирусот 2019-нКоВ може да се пренесе од човек на човек.
Лекарите велат дека симптомите на новиот корона вирус вклучуваат течење на носот, кашлица, болки во грлото и затегнатост во градите. Мигрена и треска се исто така можни и тие може да траат неколку дена. Ризичната група вклучува луѓе со компромитиран имунолошки систем, како постари лица и деца. Кај нив се присутни симптоми слични на оние на пневмонија и бронхитис.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Трагедија на забава, еден загинат откако рачна бомба експлодирала во раката на 25-годишно момче во Хрватска
Забава во подрум во Книн во Хрватска завршила со експлозија на рачна граната. Загина 25-годишен маж, а тешко се повредени двајца млади на возраст од 25 и 23 години, една девојка на 21 година и еден малолетник.
Полицијата во саботата во 23 часот добила дојава дека ескплодирала непозната експлозивна направа. По увидот било утврдено дека се работи за рачна граната М-75.
„Од спроведените увиди е откриено дека повредениот 25-годишник од спалната соба од станот што го користел за време на забавата донел рачна бомба М-75 и ја предал на друг 25-годишник. Поради нестручно ракување дошло до несакано активирање на рачна бомба во раката на починатиот 25-годишник“, се вели во полициското соопштение.
Полициски службеници ја продолжуваат кривичната истрага за утврдување на околностите за набавката и поседувањето на споменатата минска експлозивна направа.
Европа
Снежната бура остави без струја околу 33.000 домаќинства во Франција
Околу 33.000 домаќинства останаа без струја вчера во Франција, главно во Нормандија и долж реката Лоара на запад, поради бурата Каетано што го зафати регионот, соопшти компанијата „Енедис“, која управува со електричната мрежа.
„Во 13 часот 33.000 домаќинства останаа без струја“, соопшти мрежата, додавајќи дека најпогодени домаќинства се во Нормандија (15.000 домаќинства) и околу реката Лоара (12.000 домаќинства).
Невремето предизвика прекини на многу сообраќајни правци, а влијаеше и на железничкиот сообраќај.
Мобилизирани се 2.200 техничари за да ги отстранат нарушувањата и да обезбедат електрична енергија, по налетот на бурата што предизвика врнежи од снег и брзина на ветер до 130 километри на час.
Свет
Близу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади
Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради, објави агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), повикувајќи се на Канцеларијата за човекови права.
УНРВА соопшти дека во нападите на израелските сили продолжуваат да се уништуваат станбени згради во опколената палестинска енклава, со што се зголемува бројот на цивилни жртви, пренесува Ал Џезира.
Исто така, се вели дека 90 отсто од населението, околу 1,9 милиони луѓе се внатрешно раселени и дека многу од нив морале да се преселат 10 или повеќе пати, бегајќи од израелските напади.