Македонија
Спасовски: Во земјата не се увезува штетен отпад

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, уверува дека во државата не се увезува штетен отпад за кој нема сертификати. Тој вели дека треба да се зајакнат капацитетите со нови лаборатории, па да се подобри состојбата со животната средина.
„Излегуваат многу информации, јас апелирам да ги проверуваме посебно кога станува збор за сензитивна материја како оваа. Обвинителството поведе постапка со која се испитуваат наводите што се изнесуваат во јавноста. Од Министерството за животна средина имаме информација дека се увезува само отпадот што е дозовлен и за кој има сертификати, дека немаме штетен отпад кој е увезен во државата. Секако дека ова што се случува во Република Бугарија го следиме одблизу. Град Скопје презема конкретни чекори. Институциите треба да го следат случајот и да ги јакнеме капацитетите со лаборатории, со цел следење на состојбите во државата за подобрување на животната средина“, вели Спасовски.
Пред два дена Демократскиот сојуз инсистира да се направи темелна истрага за увозот на отпад во Македонија, во која треба да се вклучат службите за разузнавање и национална безбедност, МВР, како и Царинската управа. Според нив, аферата во Бугарија за сомнителниот отпад од Италија ја наметнува непосредната соработка со бугарските власти бидејќи како увозик се споменува фирма што има сопственички удел во ЈП „Дрисла“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода и Карпош

Без струја денеска ќе бидат делови од општините Кисела Вода и Карпош, информира Центарот за управување со кризи.
„Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 06.08.2025 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Таки Хрисик, ул. Тони Богдановски, ул. Борис Трајковски крак 7 и ул. Андреј Богдановски. (Општина Кисела Вода)
· од 09.00 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. Франце Прешерен. (Општина Карпош)“, информира ЦУК.
Македонија
Сончево време, попладне со локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во северните делови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Следува период на стабилно и топло време со пораст на дневната температура.
Македонија
На Богородица и Табановце се чека по 10-тина минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, нa ГП Богородица и ГП Табановце времето на чекање е 10-ина минути, на останатите граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.