Македонија
Спасовски на средба со градоначалникот на Пустец: „Ја имате поддршката од Владата“
Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, се сретна со градоначалникот на Пустец, Република Албанија, Јани Колевски и со претставници на Македонската алијанса за европски интеграции, партијата на Македонците во Албанија.
На средбата е изразена поддршка на Владата, во периодот што претстои да продолжат реформите во државата, за спроведување фер избори и за реализација на стрaтешките цели на државата, интеграцијата во НАТО и исчекор во евроинтеграциите.
Претставниците од заедницата на Македонците во Албанија се заблагодарија за отвореноста за соработка сo Владата и за поддршката во изминатите две и пол години, којашто продолжува и денес, а каква што немале, како што е оценето, од ниту една претходна Влада.
На состанокот е разговарано за можноста за реализација на инфраструктурни и комунални проекти од интерес на луѓето кои живеат во општината Пустец.
„Ја имате поддршката од Владата, за поддршка на принципиелно ниво со цел унапредување на квалитетот на животот на Македонците кои живеат во Албанија“, рече премиерот Спасовски.
На средбата е потенцирано дека добрите односи помеѓу нашата држава и Република Албанија се одразуваат позитивно и во релациите помеѓу албанските власти и македонската заедница таму, посебно што за првпат во албанскиот Парламент има пратеник од македонската заедница, кој има можност отворено да укажува на потребите на Македонците во земјата за изнаоѓање решенија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

