Вести
Нетанјаху ги обвини Палестинците за планот на Хитлер за истребување на Евреите

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го обвини палестинскиот верски поглавар од 1940-те години за идејата за истребување на Евреите во нацистичка Германија, што предизвика силна реакција од страна на израелската опозиција и од Палестинците.
„Хитлер не сакал да ги истреби Евреите во тоа време, тој сакал да ги протера“, изјави во вторникот израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во своето излагање на Светскиот ционистички конгрес во Ерусалим.
За идејата за истребување на Евреите, го обвини Хај Амин ал-Хусеини, контроверзниот муфтија (исламски верски челник) на Ерусалим, кој пребегал во 1941 година во Берлин и таму се сретнал со германскиот нацистички водач Адолф Хитлер.
„Тој ја имал централната улога во поттикнувањето на Конечното решение (нацистичкиот израз за планот за решавање на „еврејското прашање“)“, рече Нетанјаху.
Главниот палестински преговарач Саеб Ерекат во средата реагираше велејќи дека „Нетанјаху толку ги мрзи Палестинците, што дури и Хитлер би го ослободил од вината за убиството на шест милиони Евреи“.
На говорот на Нетанјаху реагираше и Исак Херцог, челникот на израелската опозиција во Кенсетот (парламентот).
„Ова е опасно извртување на историјата и барам Нетанјаху веднаш тоа да го исправи, бидејќи дека со тоа ги намалува холокаустот, нацизмот и злото, што беше улогата на Хитлер во ужасната несреќа на нашиот народ“, напиша Херцог на Facebook.
Според него, изјавата на премиерот оди во прилог на оние коишто го негираат холокаустот, и додава дека историјата вели дека Хитлер планирал да ги убива Евреите со години пред да се сретне со ал-Хусеини./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.