Македонија
УХМР објави оглас за авионско засејување на облаците за превенција од природни непогоди
Управата за хидрометеоролошки работи го објави јавниот оглас „Услуги за модификација на време со авионско засејување“. Се работи за нов систем за заштита од временски непогоди кој предвидува контрола на климатските услови преку авионски начин на засејување на облаците, со што се постигнува поквалитетна и порационална заштита на земјоделските посеви од град.
Проценетата вредност на јавната набавка за услугата без ДДВ е 50.847.458 денари. За оваа намена преку Програмата за рурален развој на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство обезбедени се 60 милиони денари со вклучен ДДВ.
За реализација на услугата, економскиот оператор треба да располага најмалку со два авиона кои треба да бидат двомоторни и да ги исполнуваат меѓународните стандарди за летање во специфични временски услови, да поседува соодветни дозволи и лиценци за ваков тип услуги и други потребни услови во согласност со спецификацијата на јавната набавка.
Заштитата од град со авионско засејување ќе се спроведува на целата територија на Република Северна Македонија. Рокот за доставување на понуди е до 20 февруари годинава.
Од Министерството за земјоделство појаснуваат дека се работи за нов систем за заштита од временски непогоди, кој предвидува контрола на климатските услови преку авионски начин на засејување на облаците, со што се постигнува поквалитетна и порационална заштита на земјоделските посеви од град.
Материјалот за засејување на градоносните облаци е сребрен јодид (AgJ), кој се внесува во облакот во форма на вештачки кондензациски јадра од ледени кристали. Засејувањето со вештачки јадра на сребрен јодид се извршува со специјално опремени авиони и процедури на засејување во зависност од метеоролошките услови.
„Од сите досегашни анализи, авионското засејување на облаците, наспроти другите механизми, се има покажано како најефикасна превенција. Земјите од регионот, како Грција, Бугарија и Словенија, веќе го користат овој систем и имаат позитивни резултати. Овој начин е неколкукратно поекономичен од старите ракетни системи најмногу поради фактот што преку авионското засејување, растворот што дејствува превентивно на формирање град се нанесува директно на критичната облачна маса, а со ракетните системи функцијата се врши од копно и непрецизноста го прави неефикасен ракетниот систем“, соопштија од МЗШВ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Водостоите на реките над просек, рекордни зголемувања кај Треска и Сатеска
Водостоите на речните текови во земјава денеска се значително повисоки од просекот за месец ноември, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Единствено кај реката Брегалница во Берово е измерен водостој понизок од просекот – 12 сантиметри, наспроти вообичаените 22.
Кај останатите реки се бележат зголемувања. Вардар кај Јегуновце и кај Велес има двојно повисоки вредности од просекот, додека кај Треска во Македонски Брод водостојот е осум пати поголем – од просек од 13 сантиметри на денешни 108.
Пчиња кај Катлановска Бања бележи трикратно зголемување – од 40 на 124 сантиметри, исто како и кај Бабуна во Богомила (од 14 на 42) и кај Црна Река во Новаци, каде водостојот скокнал од 65 на 246 сантиметри.

Најголемото отстапување е кај Сатеска во Ботун, каде водостојот е дванаесет пати над ноемврискиот просек, одноно од 5 на 64цм.
Кај природните езера има минимални зголемувања во однос на вчерашните мерења, но без поголеми отстапувања од просекот за ноември.
Температурата на Охридското Езеро утрово е 13,5 степени, на Преспанското 10,5, а на Дојранското 13 – сите во рамките на сезонскиот просек.
Македонија
Маж ја силувал поранешната девојка, ОЈО бара притвор
Основното јавно обвинителство Гевгелија соопшти дека е донесена Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело „Полов напад и силување“. Според обвинителството, постои основано сомнение дека на 19 ноември осомничениот, со употреба на сила и спротивно на јасно изразената волја на оштетената, ја принудил на сексуален однос.
-Жртвата, со која претходно биле во подолга врска која таа ја прекинала, ја пречекал пред работното место и ја викнал да влезе во кола за да разговараат и да ја однесе дома. Но наместо тоа, со автомобилот свртел по полски пат, па во возилото ја удирал по лицето и и се заканувал дека не смее да биде во врска со друг. Кога застанал, оштетената излегла од автомобилот, но тој со шлаканици и боксови ја вратил во возилото и ја принудил на полов однос на кој таа постојано се спротивставувала, стои во соопштението од ЈОРСМ.
Надлежниот јавен обвинител доставил предлог до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гевгелија за определување мерка притвор за осомничениот.
Македонија
Пакуван помфрит со поминат рок требало да се продава на македонскиот пазар, АХВ го спречи увозот и го уништи
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), спречија увоз на 20.500 килограми замрзнат компир – помфрит, со поминат рок на употреба, 23.05.2025 година. Компирот, увоз од Холандија, бил наменет за продажба на македонскиот пазар.
-Забранетите количини замрзнат компир, во присуство на инсепктори за храна од Агенцијата, нештетно се уништени во петокот на депонијата Дрисла, врз основа на изречената мерка забрана за увоз и издаденото решение со наредба за нештетно уништување, стои во соопштението на АХВ.
Оттаму додаваат и дека во рамки на вонреден инспекциски надзор кај оператор со храна од животинско потекло, АХВ заплени и нештетно уништи и 2.000 килограми небезбеден пилешки стек.
-Поради непочитување на процедурите на Добра хигиенска и Добра производствена пракса, на операторот со храна изречена му е мерка времена забрана за работа и парична казна од 4.400 евра во денарска противвредност, наведуваат од Агенцијата.
Додаваат дека во раки на редовните и вонредните инспекциски контроли на официјалните ветеринари и инспекторите за храна, АХВ продолжува со спроведување на мерки за заштита на граѓаните од консумирање на небезбедна храна со тоа и за заштита на нивното здравје, и за заштита на здравјето и благосостојбата на животните.

