Спорт
Ребиќ е „џокерот“ на Милан, „росонерите“ со три победи во низа! (видео)
Анте Ребиќ е на добар пат да стане херој на фановите на Милан во оваа мачна сезона за „росонерите“, откако втор натпревар во низа влегува од клупата и го постигнува победничкиот гол за својот тим.
Откако претходно против Удинезе на „Сан Сиро“ постигна два гола (од кој едниот во последните секунди од мечот) за 3:2 победа, овојпат на ближното гостување во Бреша, Стефано Пиоли го пушти Хрватот на местото на Рафаел Леао во 58. минута, за тој да одговори со победнички гол во 71. минута од мечот.
Ова е трет триумф во низа на Милан, со кој се искачуваат на шестото место на табелата со 31 поен, седум поени од местото кое води во Лигата на шампионите. Бреша се претпоследни со 15 поени, еден повеќе од последнопласираниот тим на Џенова.
Rebic’s goalpic.twitter.com/esl4gGlW2U
— ?SS (@semo33x) January 24, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Страшен меч во Виљареал, Сорлот му даде четири гола на Реал
Во претпоследното коло од шпанската Ла Лига, спектакуларен натпревар одиграа Виљареал и Реал Мадрид. На крајот немаше победник (4:4) и покрај тоа што на полувреме Реал имаше предност 1:4.
Натпреварот го одбележа норвешкиот напаѓач Александар Сорлот кој постигна четири гола, но навивачите на жолтата подморница немаат премногу причини за задоволство, бидејќи останаа без шанси да изборат место во европските купови.
Првото полувреме го одбележа доминацијата на гостите, Арда Гулер го доведе кралскиот клуб во водство во 14. минута, а Хоселу во 30. минута го зголеми водството. Девет минути подоцна Сорлот ја намали негативата, но до крајот на првото полувреме Лукас Васкез и Гулер со вториот гол му донесоа предност на Реал од 4:1.
Во вториот дел шоуо на Сорлот. Норвежанецот погоди во 48., 52. и 56. минута и го изедначи резултатот. Норвежанецот дојде до 26 гол сезонава, односно 23. до во Примера, два повеќе од Артем Добик од Џирона.
Сорлот сега е најсериозниот кандидат за трофејот Пичичи, кој го добива најдобриот стрелец во лигата.
Спорт
Зврев го освои Мастерсот во Рим
Александар Зверев ја освои титулата на Мастерсот во Рим.
По голема борба и 103 минути игра, тенисерот на Хамбург го совлада Чилеанецот Николас Џари со 6:4, 7:5.
Зверев втор пат во кариерата победи во „вечниот град“, првата титула во Рим ја освои на 17-годишна возарст во 2017 година. Ова прв трофеј на турнирите од Мастерс серијата за Зверев од 2021 година, кога победи во Синсинати.
Зверев одигра изворендо во финалето, најдобар показател за ова е податокот дека во финалето загуби само поени на свој сервис.
Спорт
(Видео) Сити ја одбрани титулата, Клоп се прости од Ливерпул, Матета со покер голови ја уништи Астон Вила
Манчестер сити испиша историја во Премиер лигата, стана првиот тим со четири шампионски титули во низа. Во последното коло, предводени од играчот на сезоната, Фил Фоден, Сити го победи Вест Хем. Последното коло во сезоната 2023/2024 беше последно за Јирген Клоп на клупата на Ливерпул. „Црвените“ му подарија победа во прошталниот натпревар над Вулверхемптон. Голгетерски колото го обележа напаѓачот на Кристал Палас, Матета, со четири гола во победата над Астон Вила (5:0).
Место во Лигата на шампионите наредната сезона изборија Манчестер сити, Арсенал, Ливерпул и Астон Вила, во Лига Европа сигурен е Тотенхем. Челси сезоната ја заврши на шестото место и го чека расплетот во финалето на ФА купот. Доколку победи Сити, Челси ќе игра во Лига Европа, а во случај Јунајтед да го освои ФА купот тогаш „црвените ѓаволи“ ќе играа во Лига Европа, а Челси оди во Конферециската лига.
Од Премиер лигата испаднаа Шефилд јунајтед, Барнли и Лутон. Нови членови на Премиер лигата се Лестер и Испвич, а третиот тим ќе биде познат откако финалето во баражот ќе го одиграат Лидс и Саутемптон.
Резултати, 38. коло:
Манчестер сити-Вест Хем 3:1
Арсенал-Евертон 2:1
Кристал Палас-Астон Вила 5:0
Брајтон-Манчестер јунајтед 0:2
Барнли-Нотингем Форест 1:2
Шефилд јунајтед-Тотенхем 0:3
Лутон-Фулам 2:4
Брентфорд-Њукасл 2:4
Челси-Борнмут 2:1
Ливерпул-Вулверхемптон 2:0