Македонија
(Видео) Агенда Социјална заштита 20-24: Општините ги приклучуваме во системот за социјални услуги
Две години интензивно се работи на промена на социјалната сфера и конечно може да се зборува за остварување на социјалните права на голем број категории на граѓани. Иако постојат предизвици со кои ќе се соочи државата во иднина, а пред се значат подобрување на социјалниот статус на сиромашните групи, сепак и тоа што до сега е направено е многу повеќе она што беше наследено од претходната Влада- се согласија учесниците на граѓанската трибина „Агенда 20-24“ во Штип.
Експертот за развој на социјални услуги, Душан Томшиќ зборуваше пред граѓаните дека бил наследен целосно уништен и нефункционален систем за социјална заштита и затоа ја нагласи неопходноста од коренити промени.
„Сите беа научени државата да им даде пари и мислеа дека тоа е социјалната заштита, никој не знаеше дека системот подразбира и услуги за подобар и поквалитетен живот. Секако дека се потребни пари и план за да се развие некоја услуга, но потоа тоа ќе значи дека градиме систем кој ќе се грижи за секоја индивидуа посебно согласно неговите потреби“- нагласи Томшиќ.
Во пракса тоа би значело дека ќе се активираат служби кои ќе помагаат на стари и болни во руралните средини, особено во оние од каде што младата популација е замината. Потоа, услуги кои на локално ниво ќе им се даваат на лицата со попреченост, што значи дека освен парите што некои категории граѓани би ги добивале, тие да имаат и бесплатна услуга од стручно лице.
„Обезбедени се пари преку проекти со Светска банка наменети за сите општини кои имаат потреба од социјални услуги. На мое изненадување дури 65 општини се пријавија да станат корисници на средствата за социјални услуги. До пред извесно време општините се занимаваа исклучиво со патиштата, водоводот, инфраструктурата… но, сега веќе се менува и тоа, локалната самоуправа пројавува интерес да го прошири делувањето и да им излезе во пресрет на социјално ранливите категории на граѓани“- заврши Томшиќ.
Професорот Бранимир Јовановиќ од Институтот за социјални и хуманистички науки потсети на сето она што е направено во изминатите две години, како решениот статус на стечајните работници, инвестициите во социјалните услуги, зголемувањето на минималната плата… со што државата оди во вистински правец во однос на социјалната сфера.
„Сепак, колку и да вложуваме секогаш ќе биде малку. Затоа е неопходно да продолжи растот на минималната плата. Социјалните мерки мора да се прошируваат, да опфатат поголем број семејства и поголем број лица на кои им е потребна помош. Паралелно мора да се донесе нов Закон за работни односи, кој знам дека не е лесно да се донесе, но подобро да го подготвуваме подолго и да имаме вистинско и спроведливо решение, отколку да избрзаме“- изјави Јовановиќ на трибината „Агенда 20-24“.
Говорниците се согласни дека е неопходно државата да продолжи да инвестира во човечки капитал затоа што е очигледен недостатокот на стручен кадар. Не може да се создаде социјален систем кој ќе значи целосна заштита на сите категории граѓани доколку нема обучени и пожртвувани социјални работници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 04:00 до 08:00 часот, корисниците од населбите: Бутел и Север, општина Бутел, Топанско Поле и дел од Чаир, општина Чаир и Шуто Оризари и Визбегово, општина Шуто Оризари;
· од 07:30 до 15:30 часот, корисниците на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, броеви од 49 до 53, како и објектите во околината на Поликлиника – Идадија, општина Центар;
· од 08:00 до 16:00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов, подулици бр. 10, 15 и 18, општина Аеродром;
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улицата Финска, општина Гази Баба;
· од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од улицата Крагујевачка бр. 9, општина Карпош;
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 16 степени
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа вдолж Повардарјето повремено засилен ветер од северен правец, особено претпладне. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на оваа и во почетокот на следната седмица нашето подрачје ќе се наоѓа во поле на висок воздушен притисок. Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, освен во сабота кога ќе има зголемено наоблачување. Од петок по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.
Македонија
СДСМ некогаш беше државтворна партија, а сега се занимава со трач муабети, реагира движењето ЗНАМ
Движењето ЗНАМ за Наша Македонија реагираше на, како што наведуваат, обвинувањата од СДСМ, оценувајќи дека партијата „бега од одговорност со навреди, етикетирања и лични дискредитации“.
Во реакцијата, од ЗНАМ наведуваат дека СДСМ, наместо да понуди аргументи и одговори за кономската и институционалната состојба во државата, се занимава со „озборувања“ и „трач муабети“.
Партијата оценува дека СДСМ, која некогаш беше државотворна партија, денес е сведена на фабрика за навреди, конструкции и политички отров, како и дека со улична реторика покажува нервоза и очај.
Од ЗНАМ нагласуваат дека движењето не е ничја квислиншка група, туку автентична политичка сила создадена од граѓани разочарани од владеењето на СДСМ.
Во реакцијата се споменува и периодот на владеење на Зоран Заев, при што се изнесуваат критики за, како што наведуваат, националните политики и управувањето со државата. Се споменува и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, при што се посочуваат, како што стои во реакцијата, контроверзии и сомнежи за тендери и набавки.
„Политиките на Зоран Заев останаа запаметени како период во кој националните интереси се ставаа на распродажба без јасен консензус и без чувство за државничка мерка. Со рачето на срце се промовираше како чесен и достоинствен, а всушност државата ја претвори во сопствен приватен бизнис. Симболиката на „едно евро за Вицето, едно за црквата“, беше само дел што нештото го докажува. Ги распродадоа македонските национални позиции на ангро, без јасна стратегија и без поддршка, ја разнишаа довербата во институциите и ја продлабочија поделбата во општеството. И по сето тоа, истите тие кругови, истото тоа раководство, се обидуваат да зборуваат за морал и одговорност, како граѓаните да немаат паметење. Во периодот кога со здравството раководеше Венко Филипче, јавноста беше сведок на низа контроверзии, сомнежи за тендери, набавки и прашања на кои никогаш не доби целосни и транспарентни одговори. Златни визи, сомнителни бизнис релации и повластени шеми, сето тоа се случуваше во време кога СДСМ ветуваше „живот за сите“, а испорача привилегии за малкумина“, велат од ЗНАМ.
Од ЗНАМ дополнително оценуваат дека опседнатоста на СДСМ со наративи за т.н. ‘српски свет’ и со случувањата во соседна држава и нивната постојана потреба да отвораат фронтови и да се караат со сите, од политички партии до новинарие прашање што партијата треба да го решава во сопствени рамки.

