Македонија
Арсовски: Со законот за обвинителството, СДСМ сака повторно да го воскресне СЈО

ВМРО-ДПМНЕ не го одолговлекува и нема намера да го одолговлекува законот за обвинителството, доколку се донесе и се усогласи да биде во корист на граѓаните и да биде за нивен добробит. Ова го изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, запрашан за коментар по денешната изјава на премиерот Оливер Спасовски кој ги повика да не калкулираат со законот за обвинителството и да го поддржат.
„Она што изминативе месеци, па и година дена го гледаме од страна на СДСМ е закон каде што сака повторно да го воскреснат Специјалното јавно обвинителство, односно повторно да можат да бидат штитени криминалците од СДСМ. Ние нема да дозволиме амнестија на криминалиите на Зоран Заев и владата на СДСМ кои што се огрешиле пред законот и затоа бараме закон кој што ќе биде неселективен и пред кој што ќе можат да одговараат сите граѓани, а не за некој да биде привилегија, а за некој обратното“, рече Арсовски одговарајќи на новинарско прашање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На граничните премини кон Грција и Србија и денеска има гужва

На граничните премини кон Грција и Србија и денеска има гужва. На Табановце кон Србија за влез и излез од државата се чека од 20 до 30 минути, а на граничните премини Дојран и Богородица кон Грција времето на чекање е до 15 минути, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.
Според утринските информации на АМСМ, сообраќајот на државните патишта надвор од градските средини е умерен.
Македонија
Извршен е увид на местото на сообраќајната несреќа во која загинаа три лица

Извршен е увид на местото на сообраќајната несреќа што синоќа се случи на патот Кичево – Гостивар во која загинаа три лица, а осум беа повредени.
Државното јавно обвинителство утринава соопшти дека од местото на несреќата подигнати се траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а телата на починатите се дадени на обдукција и дадена е наредба за испитување на евентуално присуство на алхокол или други супстанции кај повредените.
– По насоки на јавниот обвинител продолжуваат да се преземаат и други дејствија, информираат од Јавното обвинителство.
Македонија
Со протестен марш на семејствата, ќе се бара правда за настраданите во пожарот во Кочани

Во Кочани за денеска во 12:05 часот е најавен нов протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“. Ова е трет протестен марш што го одржуваат семејствата на настраданите по последниот одржан на 12 април.
Протестниот марш ќе започне од Градскиот парк во Кочани и ќе продолжи кон Општината и Министерството за внатрешни работи.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март загинаа 62 лица од кои тројца за време на лекувањето во странство, а 193 беа повредени. Дел од загинатите и повредените беа и членовите на бендот „ДНК“ кој настапуваше таа вечер. Со истрагата се опфатени над 60 физички и три правни лица.