Црна хроника
Директор на основно училиште незаконски ја издавал спортската сала
Наставник по физичко воспитување во основното училиште „Елпида Караманди“ во Битола додека бил на директорска функција незаконски ја издавал спортската сала.
Педесет и седумгодишниот И.Б. од Битола, вработен како наставник по физичко воспитување во ОУ „Елпида Караманди“, додека бил директор на училиштето, во периодот од 2010 до 2013 година, склучил девет договори за издавање на спортската сала, која е во сопственост на училиштето, и одобрил средствата добиени како приход од физички и правни лица за вкупен износ од 72.500 денари да се уплатуваат на жиро сметка на друг правен субјект – Здружение УСК „Елпида Караманди“ чиј претседател е неговата сопруга.
Исто така, пријавениот без да склучи договор за закуп на спортската сала и без никаков надомест да ја користи спортската сала за фитнес вежби и овозможил на извесна Д.Д. стекнување на приход во износ од 150.000 денари кој се остварувал со наплата на чланарина од членовите на фитнес клубот кој во тој период не бил регистриран како правно лице.
СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Б.за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдени и одземени 220 таблети во пакет за осуденик во затворот Идризово
На 11 јануари 2026 година во 15:00 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправна установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 12:30 часот, при извршен претрес на пакет наменет за осудено лице А.Н. (39) од Скопје, биле пронајдени и одземени 220 таблети.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Инцидент во трговски центар: две жени меѓусебно се пријавиле за физички напад
На 11 јануари 2026 година во 13:10 часот во СВР Скопје, С.К.П. (41) пријавила дека околу 12:20 часот во трговски центар на подрачјето на Центар била физички нападната од М.Д. (56).
Според пријавата, со М.Д. било и едно машко лице кое ја снимало С.К.П. со мобилен телефон.
Од полицијата информираат дека и М.Д. поднела пријава, во која навела дека била физички нападната од С.К.П.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повреден 70-годишник во пожар во куќа во виничко Блатец
На 11 јануари 2026 година во 12:04 часот во ОВР Виница било пријавено дека во село Блатец, околу 11:50 часот, настанал пожар во куќа и помошна просторија – работилница, сопственост на М.Д. (70) од истото село.
Како што информира полицијата, сопственикот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош од Виница бил пренесен во Општа болница Кочани за укажување лекарска помош.
Пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица Виница и Територијалната противпожарна единица Кочани.

