Македонија
(Видео) Стефанова: Чудно беше како Камчев знаеше дека ќе му вршиме претрес

Обвинителката од поранешното СЈО Лиле Стефанова денеска сведочи пред кривичниот суд за случајот „Рекет” каде обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13 и ексшефицата на СЈО Катица Јанева за изнуда на пари од бизнисменот Орце Камчев.
Таа првично рече дека не е скарана, но дека не е во добри односи со Јанева.
Стефанова го водеше предметот „Империја” каде што осомничени меѓу другите се токму Камчев и негови блиски соработници, меѓу кои и Цветан Панделевски, Ненад Јосифовиќ, Сашо Мијалков…
Таа пред судот објасни како течела истрагата за „Империја”.
„Чудно беше како Камчев знаеше дека ќе му вршиме претрес. Истражителите дојдоа во 6 наутро, Камчев ги дочека облечен и подготвен. Таму беше и Зоран Милески Кичеец, а подготвена чекаше и неговата сопруга Ана. Кога се вршеше претрес во ‘Орка холдинг’ канцелариите веќе беа исчистени, а таму чекаа Михајло и Филимена Маневски”, рече Стефанова.
Во текот на целата предистражна и истражна постапка, рече Стефанова, Камчев се обидувал да влијае преку политичари, емисари, обвинители, судии, бизнисмени.
„Тие обиди за влијание тогаш беа безуспешни. И кај мене и одговорно тврдам дека и кај Катица Јанева, која не покажа дека сака да ја подобри положбата на овие лица”, рече Стефанова.
Нејзиното сведочење продолжува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Кисела Вода и Центар денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска:
· поради уличен дефект ф 300 мм на улицата Борис Трајковки бр.73, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Борис Трајковски краците 7, 9 и 11 и дел од улицата Борис Трајковски од 09:00 часот до завршување, општина Кисела Вода;
· поради уличен дефект ф 80 мм на улицата Луј Пастер бр.3, прекинато водоснабување ќе имаат корисниците на дел од улицата Луј Пастер и дел од Кино Култура од 09:00 часот до завршување, општина Центар.
Македонија
Делови од Бутел, Аеродром и Чучер Сандево денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 12.30 часот, корисниците од улица 19, Радишани, општина Бутел;
– во периодот од 08.00 до 15.30 часот, корисниците од улицата Tодор Чангов 51,53, улицата Ѓорѓи Карев, улицата Димитар Илиевски Мурато, општина Аеродром;
– во периодот од 09.00 до 13.30 часот, дел од корисниците од село Бразда во близина на ресторан Рибилмус, општина Чучер Сандево;
– во периодот од 13.00 до 14.00 часот, корисниците од улица 42, Радишани, општина Бутел.
Македонија
Сообраќајот од клучката Орман до клучката Мирковци е пуштен за редовен сообраќај

Сообраќајот на потегот од Клучка Орман до Клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто така и на потегот Скопје-ГП за ГР Блаце, извести АМСМ.
Сообраќајот на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка од 06 часот е нормализиран во двата правци.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.