Спорт
Миркуловски со нов договор и нова улога во Вецлар

Поранешниот репрезентативец на Македонија Филип Миркуловски доби нов договор и нова улога во тимот на Вецлар. Миркуловски ќе биде играч и асистент-тренер во Вецлар.
36 годишниот среден бек од Вецлар добил нов две годишен договор. Планот на клубот е тој да ги следи натпреварите од клупата како асистент на тренерот Каи Вандшнајдер, а по потреба би влегувал на теренот.
Миркуловски, по кратката авантура во Хановер во 2015 година стана играч на Вацлар.
За македонската репрезентација има одиграно 126 натпревари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Чаби Алонсо официјално е новиот тренер на Реал

Нова тренерска ера во Реал започна, Чаби Алонсо официјално го презеде кормилото од Карло Анчелоти.
Последните 24 часа во Реал беа бурни и емотивни, Карло Анчелоти, Лука Модриќ и Лукаш Васкез се збогуваа со клубот, испраќањето беше величествено, како што им доликува на имиња кои дале толку многу на клубот…
Веќе еден ден подоцна, време е за нови предизвици, нови имиња. Реал во неделата објави дека Алонсо потпишал тригодишен договор. Перфекционистот пристигна.
Алонсо ќе го преземе тимот на 1 јуни, а своето деби на клупата на Реал ќе го има против Ал-Хилал на почетокот од клупското светско првенство на 18 јуни.
На првиот тренинг ќе го чекаат две нови имиња во тимот, Дин Хујсен (Борнмут) и Трент Александар-Арнолд (Ливерпул), а многу веројатно и трето, Алваро Карерас (Бенфика), за чиј трансфер клубот одлучува овие денови.
Спорт
Норис победи во Монте Карло

Ландо Норис победи на трката за Големата награда на Монако. Британецот во Монте Карло ја забележа втората победа во сезоната. Тимот на Мекларен победи во малото кнежевство прв пат пауза од 17 години.
Британскиот возач имаше предност од првиот до последниот круг, а Шарл Леклер не можеше да му се приближи и да го загрози во борбата за првото место.
Норис заврши прв, Леклерк втор, а Оскар Пјастри трет, и покрај малку послабиот тркачки викенд. Макс Ферстапен се обиде да почека уште едно безбедносно возило или виртуелно безбедносно возило и возеше со едно запирање на првото место до самиот крај, но не успеа, на крајот завршуви четврти по втората задолжителна промена на гумите.
Ферари се обиде со поинаква стратегија да го загрози Норис. Леклер направи порано второ запирање и се обиде да го престигне Норис на тој начин, меѓутоа, Британецот без проблем ја одбрани позицијата.
Најголеми губитници на трката беа возачите на Мерцедес. Лошата стратегија на тимот доведе до фактот дека во текот на 46 круга ниту Антонели ниту Расел не направија ниту едно од двете задолжителни запирања, и во тој момент беа на 11-то и 12-то место. До крајот, Антонели заврши на 18-то место, а Расел беше 11-ти.
Топ десет ги комплетираа Луис Хамилтон, Исак Хаџар, Естебан Окон, Лиам Лосон, Алекс Албон и Карлос Саинц.
Следната трка на програмата е веќе следниот викенд во Барселона.
Спорт
(Видео) Тепачка меѓу навивачите на Олимпијакос и Панатинаикос

Еден час пред почетокот на натпреварот за третото место во Евролигата, на трибините имаше се судрија навивачите на грчките клубови, Олимпијакос и Панатинаикос.
За време на загревањето на играчите на теренот, имаше инциденти на горниот прстен од салата во Абу Даби.
Видеата покажуваат како навивачите во зелени и црвени дресови започнаа со вербални навреди, а некои навивачи решија физички да се пресметаат.
Овој натпревар практично е неважен во резултатска смисла, екипите се индиспонирани по поразот во полуфиналето, но сепак станува збор за едно од најголемите ривалства во спортот.
Да потсетиме, во финалето, од 19:00 часот, ќе играат Фенербахче и Монако.
Επεισόδια μεταξύ οπαδών Ολυμπιακού και Παναθηναϊκού στην Etihad Arena pic.twitter.com/wRndtfqYtf
— SPORT24 (@sport24) May 25, 2025
— SPORT24 (@sport24) May 25, 2025