Македонија
Спасовски: Се грижиме за српската заедница
Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, вечерва се обрати на Свечената академија посветена на Националниот ден на Србите во земјата – празникот Свети Сава, која се одржа во МНТ под покровителство на Владата.
На свечената академија, покрај претставниците на српската заедница во земјата, присуствуваа и гости од Република Србија и Босна и Херцеговина, меѓу кои и генералниот секретар на претседателот на Република Србија, Никола Селаковиќ, и членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик.
Спасовски во своето обраќање истакна дека делото на свети Сава инспирира и осум века по неговата смрт.
„Свети Сава е втемелувач на самостојната Српска православна црква и нејзин прв архиепископ и основач на царската лавра во манастирот ‘Хиландар’ на Света Гора Атоска. Тој е просветител, основач на училишта и болници, дипломат, пишувач на првите закони во државата српска. Свети Сава е молитвен застапник на сите што преку него побарале помош од Бога, посредник и помирител меѓу раскараните браќа и народи. На овие негови вредности овој свет човек повикува и денес. Неговите пораки се толку силни и толку потребни и во денешно време. Затоа е многу важно кога го славиме и кога повикуваме на практикување на неговото дело и самите да бидеме пример и да ги применуваме неговите големи пораки“, рече Спасовски.
Премиерот истакна дека Владата креира и спроведува политики што манифестираат грижа за заедницата на Србите во нашата земја.
„Српскиот јазик е службен јазик во општините Куманово и Старо Нагоричане. Владата лани донесе одлука да се изучува српскиот јазик како факултативен во основните училишта. Тимот што работеше на програмата за изучување на српскиот јазик ја заврши работата и таа е предадена на натамошна постапка во Бирото за образование. Се работи и веќе при крај е и програмата за четврто одделение во основно образование. Тоа се постапки и дела на оваа Влада, кои претходно не беа познати“, рече Спасовски.
Додаде дека во Општина Центар во Скопје,во тек е расправата на детаљниот урбанистички план, во кој се предвидени објекти за современ културен центар за српската заедница и ново училиште, кое предвидува паралелки во кои ќе се учи на српски јазик во согласност со образованите програми што се подготвуваат.
За кратко време, најави премиерот, ќе биде пуштена јавна анкета и за Малиот ринг, каде што ќе се наоѓа новата амбасада на Република Србија и уште еден простор за промоција и афирмација на културните традиции на Србите во Северна Македонија.
„Така се гради заедништвото денес: Со почит кон традициите на сите“, заклучи Спасовски во своето обраќање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

