Вести
Русија ќе им се одмазди на САД за новите санкции и смртоносното оружје за Украина

Русија пред состанокот меѓу шефовите на руската и на американската дипломатија Сергеј Лавров и Џон Кери кои ќе се сретнат подоцна во неделата навечер во италијанската престолнина Рим им се закани на САД поради носењето на законот кој дозволува наметнување нови санкции против Москва поради нејзината наводна политика на мешање во украинската криза, како и испорака на смртоносно оружје за Киев.
Русија пред состанокот меѓу шефовите на руската и на американската дипломатија Сергеј Лавров и Џон Кери кои ќе се сретнат подоцна во неделата навечер во италијанската престолнина Рим им се закани на САД поради носењето на законот кој дозволува наметнување нови санкции против Москва поради нејзината наводна политика на мешање во украинската криза, како и испорака на смртоносно оружје за Киев.
Бесот на Москва е предизвикан од текстот насловен „Акт на поддршка на слободата на Украина“ изгласан едногласно во двата дома на американскиот Конгрес. Беше неопходно текстот уште еднаш да се поднесе пред Сенатот поради процедурални причини, што беше сторено во саботата доцна вечерта едногласно.
Со споменатиот текстот од документот се дозволуваат нови санкции против Русија, како и првпат испорака на смртоносно оружје за вооружените сили на Украина.
„Не се сомневајте во тоа дека санкциите ќе останат без одговор“, предупреди во неделата помошникот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, кого го цитира агенцијата Интерфакс. Рајбков притоа и осуди „неприфатливите и антируски чувства“, коишто според него го управувале гласањето во американскиот Конгрес.
Украинските пратеници, пак, гласањето во Конгресот го оценија како „историско“.
Гласањето е многу симболичен прв чекор за Украина која безнадежно од јули 2014 година се обидува да ги убеди своите нови сојузници на Западот да ѝ продадат оружје, коешто смета дека се недоволно опремените наспроти рускојзаичните бунтовници, коишто, како што тврдат Киев и Западот, Москва ги поддржува со оружје и луѓе.
Гласањето во американскиот Конгрес самото посебе не значи дека претседателот Барак Обама ќе ја донесе одлуката да се испорача смртоносното оружје за украинските вооружени сили./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.