Економија
Потпишан меморандум за соработка за проектот „Образование за вработување“

Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, Сибил Зутер Техада, потпишаа меморандум за соработка за проектот „Образование за вработување во Северна Македонија“ со Курт Витрих, тим-лидер на проектот.
Проектот работи на воспоставување партнерства помеѓу средните стручни училишта и компаниите, подобрување на понудата за обуки за стручни вештини, како и зголемување на интересот за стручното образование и обука.
Соработката од овој меморандум ќе се реализира преку Програмата за конкурентност и иновации на Министерството за еконимија.
„Важноста на овој меморандум за нас е голема пред сè бидејќи се создаваат услови за примена на современи методи за реализација на практична настава на учениците во домашните претпријатија. Ние како Влада уште од самиот почеток се посветивме да работиме за унапредување на пазарот на труд во земјата и овозможување на учениците веднаш по завршувањето на образованието да бидат подготвени за пазарот на трудот. Целта за ваквата заложба е од една страна да им излеземе во пресрет на компаниите да обезбедат квалитетен кадар, а од друга страна да ги задржиме младите да останат во земјата и својот иден кариерен развој да го градат тука. Образованието е основа за развој на стабилна и одржлива економија, но се соочуваме со предизвик што гласно го алармираа стопанските комори и работодавачите за дефицит на стручен и квалификуван кадар во одредени струки“, истакна министерот Бектеши по потпишување на меморандумот.
Тој потенцираше дека секој којшто ќе се приклучи кон дуалното образование во иднина ќе биде сигурно вработен, ќе има струка која ќе се вреднува.
„Направивме неколку чекори во оваа насока во образовниот систем, но тоа се првични чекори, затоа со ваква директна поддршка од институциите, ако пристапиме кон реформите побрзо и подинамично тогаш резултатите ќе бидат поголеми и побрзо ќе ги прилагодиме младите, но и невработените на барањата на пазарот на труд, кој е многу динамичен. Со овој меморандум и со поддршка од Министерството за економија очекувам дека во иднина ќе се постигне поголем напредок во усогласување на понудата и побарувачката на пазарот на труд и ќе ја покаже уште еднаш нашата силна заложба за развој на концептот на учење преку работа во претпријатијата и кај занаетчиите, како и понатамошен развој и подигнување на степенот на соработка во иднина“, потенцираше Бектеши.
Амбасадорката истакна дека вклучувањето на приватниот сектор во подобрување на работните вештини е значаен аспект во системот на образование во Северна Македонија.
„Во 2019 година нашиот проект соработуваше со 16 компании во Северна Македонија во кои тренинг имаа 600 невработени лица во соработка со училиштата. Повеќе од 350 лица веќе се вработени и вклучени во подобрување на конкурентноста на компаниите кои ги ангажирале“, истакна амбасадорката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,35 п.п., при што во мај таа изнесува 2,21%, извести Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,43 п.п. и изнесува 5,06%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.