Контакт

Црна хроника

Еден обвинет, двајца под истрага за поседување оружје во Скопје

Објавено пред

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.1 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

При претрес извршен во домот на обвинетиот во Арачиново, на 7.12.2019 година, било утврдено дека тој неовластено држел огнено оружје и муниција – еден полуавтоматски пиштол Smith&Wesson MOD 6906 со калибар 9мм Para, еден полуавтоматски пиштол Walther P99 со две рамки, како и 41 куршум со калибар 9мм Para. Оружјето и муницијата се одземени со потврда за одземени предмети.

Непосредно по лишувањето од слобода, обвинителството  предложи да биде определена мерка притвор за ова лице, но предлогот не беше прифатен од судијата на претходна постапка  и на лицето му беа определени мерки на претпазливост.  Надлежниот јавен обвинител вложи жалба на ваквата одлука, по што на лицето му беше определена мерка куќен притвор од страна на Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје. Со обвинителниот акт поднесен денеска, јавниот обвинител предложи изречената мерка куќен притвор да биде продолжена поради опасност од бегство и можност обвинетиот да го повтори делото.

Инаку, во врска со претресите извршени на 7.12.2019 година на повеќе локации во Скопје, Секторот за внатрешни работи Скопје вчера до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе уште една кривична пријава против две лица. Постапувајќи по оваа пријава, надлежниот јавен обвинител веднаш донесе наредба за спроведување истражна постапка за лицата поради постоење основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело  неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.1 во врска со чл.22 од Кривичниот законик.

Лицата се осомничени дека на 7.12.2019 година, на земјениот пат за с.Крушопек, над селото Грчец, во патничко возило без регистарски ознаки, неовластено држеле огнено оружје и муниција – една пушка со калибар 7,62Х39мм од албанско производство, едно полуавтоматско кусо огнено оружје Zastava M57со калибар 7,62Х25 од југословенско производство со осум куршуми во шаржерот, едно полуавтоматско кусо огнено оружје Zastava M88”о калибар 9мм Para од југословенско производство со четири куршуми во шаржерот, како и два шаржера со капацитет од по 30 куршуми со калибар 7,62Х39мм и со вкупно 22 куршуми во нив.

Полициските службеници извршиле претрес во домовите на осомничените, па утврдиле дека тие се движат со возилото и тргнале по нив. По извесно време осомничените го запреле возилото, излегле од него и побегнале, а оружјето го оставиле во автомобилот. Еден од осомничените е лишен од слобода и за него надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор со оглед на тоа што постои опасност од бегство и можност тој да го повтори делото. Ваквиот предлог беше прифатен и на лицето му е определена мерка притвор во траење од 30 дена. Другиот осомничен и натаму е недостапен на органите на прогонот и во поглед на тој осомничен обвинителството ќе предложи соодветна мерка за обезбедување по неговото пронаоѓање и лишување од слобода.

Основното јавно обвинителство Скопје појаснува дека во врска со извршените претреси од страна на Министерството за внатрешни работи на 07.12.2019 година на повеќе локации во Скопје до овој момент до обвинителството се поднесени само наведените две кривични пријави со кои се опфатени три лица. За двете кривични пријави, согласно Законот за кривична постапка, јавното обвинителство веднаш отвори истраги, а во еден од предметите поднесе и обвинение. Согласно законските надлежности, за пријавените лица лишени од слобода беше предложена мерка притвор.

Доколку во наредниот период, од страна на МВР како овластен орган за откривање на идентитетот на сторителите на кривични дела, бидат поднесени други кривични пријави, обвинителството согласно Законот за кривична постапка ќе постапи по нив и во зависност од исполнетоста на законските основи ќе предожи соодветни мерки за обезбедување.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон

Објавено пред

Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.

dobivaj vesti na viber

Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.

Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти

Објавено пред

На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.

dobivaj vesti na viber

Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.

Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Фото: илустрација

Прикажи повеќе...

Црна хроника

14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник

Објавено пред

Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.

Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна...

Македонија7 часа

Одземени лиценците за канабис на шест фирми: не им работеле камерите, немале обезбедување, едно имале на хартија друго во магацин

На шест од досега провери 13 компании им се одземени лицентие за одгледување канабис за медицински цели. Министерот за здравство,...

Топ8 часа

Битолчанец пријавен за обид за убиство на своите деца и напад врз полицајци

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф. (42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“...

Македонија9 часа

Ми се гади од лицемерието, Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор: Јане Ченто за правосудните аршини

По одлуката на надлежните институции, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби да биде ставен во куќен притвор со 24-часовен надзор, по...

Македонија10 часа

Беким Сали во работна посета на Украина: „Изразена солидарноста и поддршката кон украинскиот народ“

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, денес престојува во официјална работна посета на Киев, Украина, каде ќе...

Македонија11 часа

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води...

Европа12 часа

(Видео) Зеленски го покажа својот бункер од почетокот на војната и им испрати порака на Украинците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео порака по повод четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина,...

Македонија13 часа

Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал, следува одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

По повеќе од година дена поминати во бегство на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС...

Македонија13 часа

„Али Ахмети чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник, Артан Груби знае премногу“, велат од ВЛЕН

„Стариот лисец Али Ахмети од вчера, од мајстор на политичкиот занает, стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот...

Македонија13 часа

Штедачите на Еуростандард банка: Пет и пол години од пропаѓањето на банката, случајот сè уште нема судска разрешница

Поминаа повеќе од пет и пол години од пропаѓањето на Еуростандард банка, а случајот сè уште нема судска разрешница. Голем...

Свет14 часа

Зеленски: Вашингтон треба да биде со демократска земја која се бори против еден човек

Соединетите Американски Држави „треба да застанат покрај демократска земја која се бори против еден човек“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет14 часа

Ник Рајнер негираше вина по обвинението за убиството на мајка си и татко си

Ник Рајнер (32), син на познатиот холивудски режисер Роб Рајнер и фотографката Мишел Сингер Рајнер, се изјасни за невин во...

Европа15 часа

(Видео) Бомбашки напад во Москва: Убиен полицаец, двајца повредени

Еден полицаец беше убиен, а двајца други беа ранети во експлозија рано утрово во центарот на Москва, откако вооружен човек...

Европа15 часа

Германија: Нема да го молиме Путин

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека е начелно отворен за разговори со Москва за одржлив мир во...

Европа15 часа

Манделсон е ослободен со кауција: Полицијата продолжува со истрагата

Поранешниот британски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Питер Манделсон, е ослободен со кауција неколку часа откако беше уапсен во понеделник...

Македонија1 ден

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија1 ден

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија1 ден

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...