Црна хроника
Двајца браќа од гостиварско најдени во бесознание

Соселанец од село Неготино, гостиварско, пронашол двајца браќа од Сенокос, гостиварско во бесознание.
Како што соопшти МВР, околу 3,35 часот утрото во понеделникот, покрај патот за село Неготино-гостиварско, Д.Д.(18) од село Неготино, ги пронашол браќата К.А. и Н.А. од село Сенокос, гостиварско со видливи повреди по телото.
Повредените, кои биле во неконтактибилна состојба, биле однесени во Медицинскиот центар во Гостивар, од каде поради сериозноста на повредите се пренесени на лекување во Ургентниот центар во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен струмичанец затоа што возел под дејство на алкохол: му биле измерени 2,19 промили алкохол во крвта

Вчера во 19.45 часот на улица „Гоце Делчев “ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 51-годишниот Р.П. од Струмица.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2,19 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Уапсени тројца скопјани, биле барани по централни потерници

Вчера во Скопје од слобода биле лишени 55-годишниот З.Н., 55-годишниот Р.Т. и 37-годишниот С.М., тројцата од Скопје, кои биле барани по централни потерници врз основа на судски наредби за издржување затворски казни.
Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги го лишиле од слобода З.Н. затоа што бил баран за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 236 став 1 од Кривичниот законик. Полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Р.Т. затоа што бил баран за издржување казна затвор од 10 месеци за сторено кривично дело по член 300 став 1 во врска со член 297 од Кривичниот законик.
Додека, полициски службеници од Одделенијата за криминалистички работи Ѓорче Петров и Кисела Вода го лишиле од слобода С.М.за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 202 став 1 од Кривичниот законик.
Лицата биле спроведени во Казнено – поправните установи Затвор Идризово и Затвор Скопје за издржување на казните.
Топ
„Ќе ве убијам и тебе и татко ти ако излезе видеото“ – скопјанец се снимал додека пука со автоматска пушка, па се заканувал

Скопското обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка за 35-годишник кој во неговиот дом во Кондово неовластено држел полуавтоматски пиштол со две рамки и муниција. Со оружјето, осомничениот преку „Ватс ап“ се заканувал дека ќе нападне дете и неговиот татко.
За да се пофали дека поседува огнено оружје, тој најпрво во февруари на телефонскиот број кој во тој временски период го користело детето, испратил видео клип на кој се гледа како пука со автоматска пушка додека бил на некоја свадба. Детето го зачувало видеото во телефонот.
На 7 април, кога детето веќе користело друг телефонски број, тој преку апликацијата му се јавил и му се заканувал дека ќе го убие него и неговиот татко, ако ја објави снимката со автоматската пушка, соопшти Обвинителството.
По неколку часа повторно му се јавил на детето и на висок тон продолжил со заканите, предизвикувајќи чувство на несигурност и страв кај него.
Се бара притвор.