Спорт
Ѓоковиќ преку Раониќ до меч со Федерер

Новак Ѓоковиќ избори се пласираше во полу-финалето на Аватралија опен каде противник ќе му биде Роџер Федерер. Бранителот на трофејот со сигурна игра, во три сета (6/4, 6/3, 7/6) го победи Милош Раониќ кој во претходните две рунди ги победи Стефанос Циципас и Марин Чилиќ.
Ѓоковиќ рутински избори полу-финале во Мелбурн против тенисерот кој најави враќање во светскиот врв. Раониќ до мечот со Ѓоковиќ не загуби ниту еден сет, но против најдобриот ритерн на сите времиња неговиот моќен сервис немаше никакви шанси.
Бранителот на трофејот искористи две од 14 топки за брејк, а во исто време на Раониќ му дозволи замо три брејк шанси, по една во секој сет. Канаѓанецот не успеа ниту еднаш да му го доземе сервисот на противникот.
Ѓоковиќ го „притисна“ сервисот на Раониќ во финишот на првиот сет, во осмиот гем не искористи пет брејк топки, а во десеттиот ја реализираше четвртата која му донесе предност од 1:0.
За разлика од првиот, во вториот сет Ѓоковиќ направи брејк во раната фаза, во четвртиот гем. Потоа беше исклучително сигурен во своите сервис гемови за 2:0.
Слично како во првиот, во третиот Ѓоковиќ го нападна сервисот на ивалот во финишот, откако претходно во вториот гем спаси брејк топка. Во 11 гем Ѓоковиќ не успеа да искористи ниту една од четирите брејк топки.
Во тај-брејкот српскиот тенисер доминираше во однос на противникот. 13 игра Ѓковиќ ја доби убедливо со 7:1.
Ѓоковиќ во полу-финалето ќе игра против Федерер кој претходно во дрматичен меч, во кој спаси седум меч топки, го победи Тенис Снадгрен.
Интересен е податокот дека секогаш кога стигнувал до полу-финалето на Австралија опен, Ѓоковиќ го освојувал турнирот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Перикар „испука“ сервис од 246 километри на час

Францускиот тенисер Џовани Мпеши Перикард го сруши рекордот на Вимблдон на првиот ден од третиот Гренд слем во сезоната.
Тенисерот, познат по својот убиствен сервис, го оправда својот углед во натпреварот од првото коло против Тејлор Фриц.
Во првиот поен, тој сервираше со брзина од 239,8 километри на час, соборувајќи го рекордот на Тејлор Дент од 2010 година (238,2).
Тоа не беше доволно за Перикард, па во истиот гем „испука“ сервис од неверојатни 246,2 километри на час.
Интересно е што дури ни тоа не му беше доволно за да го освои тој поен.
Перикар беше блиску до победа над фаворизираниот Американец (четврти ноосител на турнирот), но го загуби четвртиот сет (7:6, 7:6, 4:6, 6:7) по што натпреварот беше прекинат.
Причината се строгите правила на Вимблдон дека нема игра по 23 часот.
До тој момент, тој сервираше 33 аса.
Спорт
Инзаги: Се искачивме на Монт Еверест без кислород

Симоне Инзаги, тренерот на Ал Хилал, им честиташе на своите играчи за пласманот во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Тимот од Ријад ги елиминираше „граѓаните“ во осминафиналето на Светското клупско првенство по продолженијата (4:3), со што го направи најголемото изненадување на турнирот.
„За овој резултат, клучни се играчите и храброста што ја покажаа на теренот. Моравме да направиме нешто посебно со оглед на тоа што сите ја знаат силата на Манчестер сити. Моравме да се искачиме на Монт Еверест без кислород и успеавме во тоа“, рече Инзаги по натпреварот.
Во четвртфиналето, Ал Хилал ќе игра против Флуминензе, кој претходно исто така неочекувано го елиминираше Интер.
Спорт
Хејс-Дејвис се враќа во НБА, ќе потпише со Феникс Санс

Кошаркарот на Фенербахче, Најџел Хејс-Дејвис, ќе ја продолжи кариерата во НБА, откако ги договори деталите за едногодишна соработка со Феникс Санс.
По освојувањето на тројната круна со Фенербахче, титулата во Евролигата во 2025 година, наградата за најкорисен играч на фајналфорот, како и првенството и Купот на Турција и наградата, Хејс-Дејвис се избори за целосно загарантиран едногодишен договор со Санс, објави инсајдерот на ESPN, Шемс Чаранија.
Американецот има договор со Фенербахче до јуни 2027 година, но и клаузула дека може да замине доколку понуда од НБА.
Хејс-Дејвис доби и реши да ја прифати поканата од Феникс, а турскиот клуб како обесштетување ќе добие 900.000 евра.
Со заминувањето на Хејс-Дејвис и приходите од откупот, Фенербахче ќе го олесни буџетот за плати за околу три милиони евра.
Тој беше член на првата петорка на Евролигата две години по ред, а во сезоната 2024/2025 имаше просек од 16,7 поени, 5,3 скока и 1,7 асистенции.
Исто така, пред две сезони, тој го постави рекордот во Евролигата, против Баерн постигна 50 поени.
Откако не беше избран на НБА драфтот во 2017 година, Хејс-Дејвис играше за Лејкерси, Репторс и Кингс. Тој ја продолжи својата кариера во Европа откако се пресели во Галатасарај, а потоа играше во Жалгирис и Барселона, пред да ја освои Европа со Фенербахче.