Македонија
Спасовски на средба со Црногорската заедница: Не постојат големи и мали заедници, сите се дел од концептот „Еднакво општество за сите“
Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, ги посети претставниците на Црногорската заедница во земјава, каде беше пречекан од претседателот на заедницата, Борис Попивода. На средбата покрај останатите претставници на Црногорската заедница, присуствуваше и амбасадорката на Република Црна Гора во нашата земја, Марија Петровиќ.
„Денеска сме тука да покажеме дека секоја заедница во нашата држава е од особена и подеднаква важност. Не постојат големи и мали заедници, како што не постојат големи и мали градови. Секој е важен. Црногорската заедница во Северна Македонија е особено ценета и ја има целосната поддршка од Владата. Ние сме пријателски народи и нашите држави немаат отворени прашања“, рече премиерот Спасовски.
Премиерот Спасовски истакна дека оваа посета и средба е дел од концептот на Владата, со кој се покажува дека сите заедници се важни во градењето на општество со еднакви права за сите граѓани и се покажува дека европски вредности за почитување, солидарност и неправењето разлика меѓу луѓето од различни етнички заедници се имплементираат и е остварен концепт за живеење на сите граѓани.
На средбата од претседателот на Црногорската заедница, Попивода, и присутните членови беше поздравен придонесот на Владата кон создавање услови за учество на заедницата во граѓанскиот концепт на државата и исполнување на нивните цели за напредок, како и негувањето на црногорските културни и духовни вредности, негувањето и развојот на црногорскиот јазик, книжевноста и фолклорните традиции.
На средбата соговорниците искажаа очекувања за целосна интеграција на двете држави во Европската Унија, преку блиска и доследна соработка со меѓународните партнери и беше истакната поддршката за членството на Северна Македонија во НАТО и потенцирана обединетоста на двете држави, Северна Македонија и Црна Гора во напорите за создавање стабилен регион и остварување на заеднички перспективи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

