Регион
Мицотакис: Проблемот на Грција со Турција ја засега и ЕУ

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изјави дека проблемите на Атина со Турција или која било друга земја автоматски стануваат проблем на Европската Унија и ја повика Европа да го „потсети“ турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека границите на Грција се непроменливи.
Во интервју за францускиот магазин „Меѓународна политика“, Мицотакис рече дека кога Турција ја прекројува картата на Средоземното Море, таа ја провоцира не само Грција туку и цела Европа.
Затоа, вели тој, и Европа мора да одговори.
„Европа треба да го потсети турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека границите на Грција се непроменливи и за нив не може да се преговара“, рече Мицотакис.
Турција и меѓународно признатата влада во Либија потпишаа договор за водните граници во Средоземното Море минатиот ноември, кој наиде на силно спротивставување од Атина, која смета дека договорот е закана за суверенитетот на Грција.
Медиумите наведуваат дека на овој начин Турците сакаат да ги заробат егејските острови источно од 25. меридијан во турскиот континентален појас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.