Македонија
ЕБА: Политичката криза во земјата негативно влијае врз економијата
Одборот на директори на Европската Бизнис Асоцијација на својот редовен состанок ги разгледуваше економските текови во државата и истите констатираа дека политичката криза во земјата негативно влијае врз економијата, деловната клима и условите за функционирање на бизнисите.
Истовремено голем број на членки информираа дека нивните матични компании од ЕУ со загриженост ги следат состојбите во Република Македонија и се оценува дека земјата сѐ повеќе се движи во насока на висока неизвесност и ризичност. Политичката неизвесност и лимитираното функционирање на институциите предизвикува воздржаност и конзервативно однесување на компаниите и мајките инвеститори, и фокусирање на краткорочни планови за менаџирање на тековните приоритети во работењето. Тоа може да резултира со одлагање или откажување на долгорочните проекти и планови кои би го стимулирале растот на нашите компании и отворањето на нови работни места; воведување на поголеми премии за ризици со што би се намалила конкурентноста на македонската економија, што најверојатно може да доведе и до зголемување на цената на капиталот, намалување на потрошувачката и одливање на капиталот. Од тој аспект одржувањето на предвидлив и стабилен амбиент на стопанисување е клучен фактор за стабилноста на деловните субјекти и нивното непречено функционирање.Европската Бизнис Асоцијација апелира до сите релевантни учесници во креирањето на политичкиот дијалог и стабилноста во државата, за итно решавање на настанатата ситуација, со цел да се одржи економската стабилност, инвестициите и долгорочниот економски просперитет на земјата. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Ѓорѓиевски со порака за посилна регионална соработка на форумот на Стопанската комора на Војводина
Во рамките на осмиот форум кој е организиран од Стопанската Комора на Војводина во Нови Сад се одржа панел дискусија со фокус на регионалната соработка,зелената транзиција и идните чекори на регионот на која покрај домаќинот господин Владимир Гак преседател на стопанската комора на Војводина учествуваа Горан Ѓорѓиевски преседател на Сојуз на стопански комори на Македонија, преседателот на Стопанската комора на Република Српска Горан Ракиќ и Горан Јаниќ преседател на советодавниот одбор на Зелен Навигатор.
Пред голем број на присутни учесниците на панелот испратија јасни пораки за зголемување на соработката на ниво на Комори како и идни чекори кои е потребно да се преземат со цел да се овозможи подобро позиционирање на бизнис секторот во регионот и на европскиот пазар. Коморите преставуваат катализатор помеѓу владите и бизнис секоторот секогаш фокусирани да работат на градење мостови на соработка со цел подобрување на условите за бизнис,а тоа е возможно со поголем број на Б2Б средби,размена на искуство и воведување на нови практики во зелената транзиција која се бара од страна во Европската Унија,а нашите држави се обврзаа на тоа.
,,Затоа регионот е потребно се повеќе да го гледаме и третираме како еден пазар со фокус на зголемена ,но фер транзиција на која ќе се работи во континуитет на дигитализацијата и нови технологии без кои не можеме да замислиме дека ќе има развој” истакна Ѓорѓиевски во своето излагање.
На маргините од осмиот форум делегацијата на Соузот на Стопански комоти на Македонија реализираше состаноци со Истамбулската стопанска комора со кои се оцртаа новите форми на идна соработка со примарен фокус на инвестициите.
Со почит,
Економија
Минималните семејни трошоци во ноември 65.173 денари, со изнајмен стан надминуваат 80 илјади
Минималните месечни трошоци што едно четиричлено семејство ги има во ноември достигнуваат 65.173 денари, додека доколку семејството живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, вкупните потребни средства се искачуваат на 80.548 денари.
За храна и пијалоци се издвојуваат 23.534 денари, додека 6.130 денари се потребни за режиски трошоци, соопшти Сојузот на синдикатите, кој ја изработува синдикалната минимална кошница.
Во однос на минатиот месец, кога за покривање на основните трошоци биле потребни 65.544 денари, сега е забележано намалување од 371 денар.
Економија
Кузманоска: Домашните капитални инвестиции во 2026 година ќе бидат мотор за економскиот раст на земјата
Биљана Кузманоска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, на денешната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година порача дека Предлог-буџетот за 2026 година носи ред, мерливи резултати и стабилен економски раст, со силен фокус на инфраструктурата и инвестиции кои треба да отворат нови работни места.
,,Буџетот за 2026 година не е само финансиска рамка, тој е одраз на новиот начин на работа, на новата политика што ја ветивме, политика на одговорност, ред и чесност“, рече Кузманоска и додаде:
,,Воведуваме јасни прагови за реализација, и тоа не на хартија туку со мерливи рокови. До крајот на првиот квартал, 15% до вториот 40% до третиот 65% и најмалку 70% до 15 ноември“.
Кузманоска посочи дека фокусот на Предлог-буџетот за 2026 година е и инфраструктурата.
,,Фокусот е на инфраструктурата што ја поврзува Македонија. Патишта, железници, училишта, болници, локални проекти. Со овој буџет имаме реален раст и стабилност. Буџетот е поставен на реални и внимателни проекции. Раст на економијата од 3,8% проекти, инфлација стабилна на 2,5%, и дефицит кој е намален н 3,5% од БДП“, истакна Кузманоска.
Таа дополни дека во 2025 година Македонија имаше рекордни странски инвестиции, што според неа, покажува стабилност, а истакна и дека во 2026 година се очекува инвестициите заедно со домашните капитални вложувања да бидат мотор на економскиот раст и да отворат нови работни места.
,,Минатата година го достигна највисокото ниво на странски директни инвестиции во својата историја, над 1 милијарда евра. Тоа не се бројки, туку доказ дека инвеститорите гледаат стабилност, предвидливост и волја за работа. Во 2026 година, заедно со домашните капитални вложувања очекуваме инвестициите да бидат мотор што ќе го движи економскиот раст и ќе отвора многу нови работни места“, кажа Кузманоска.

