Македонија
Дескоска: Од ВМРО-ДПМНЕ го бараа Јовески, а сега не сакаат да го слушнат

Министерката за правда, Рената Дескоска, на својот фејсбук-профил стави објава со која го најавува денешното продолжение на јавната расправа за законот за Јавното обвинителство.
„И денес матрицата на ВМРО-ДПМНЕ повторно излезе на површина – бараат цензура и се противат јавниот обвинител Јовески и јас да земеме збор и да го кажеме мислењето по вчерашните предлози. Го бараа Јовески, а не сакаат да го слушнат“, напиша министерката во својата објава.
Таа воедно додаде дека, спротивно на Деловникот, претставниците на ВМРО-ДПМНЕ се противат таа да каже кои се следните чекори во градење консензус за законот.
На вчерашната расправа пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, предводени од Антонијо Милошоски, се обидоа да го блокираат говорот на јавниот обвинител Љубомир Јовески со голем транспарент, на кој пишуваше: „Господине Јовески, до кога ќе го криете писмото со кое притворената Катица ви даде незаконска наредба“.
На крајот на минатата недела претставниците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија средбата на работните групи за законот за Јавното обвинителство во Собранието кога министерката за правда го одби нивното барање да го повика државниот јавен обвинител Љубомир Јовески да учествува во констриурањето на законот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 06:30 до 13:00 часот, с.Сарај -пат за с.Лубин кај кафе бар Лозана.(Општина Сарај)
· Oд 08:00 до 15:00 часот, дел од с.Долно Лисиче реон околу надвозникот.(Општина Аеродром)
· Oд 09:00 до 13:00 часот, Тутинска, Мара Јосифовска, Драчевска, Јанко Мишиќ, Бранко Заревски (општина Кисела Вода)
· Oд 09:00 до 14:30 часот,дел од потрошувачит на ул.51 во с.Волково (општина Ѓорче Петров)
· Oд 09:00 до 15:00 часот, Алдинци, Црвена Вода, Цветово, Драчевица, Горно и Долно Количан, Палиград (општина Студеничани и Зелениково)
· Oд 09:00 до 15:00 часот, Морани (општина Студеничани)
· Oд 09:00 до 15:00 часот, депонија Дризла, Бато (општина Студеничани)
· Oд 09:00 до 14:30 часот, Булевар Патризански Одреди, зграда бр.129 (општина Центар)
Македонија
Променливо облачно време со локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 23 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 23 степени.
До петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, сончево и топло.
Македонија
Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум полицајци, истрагата за Кочани се проширува

Издадена е наредба за приведување на седум полицајци со што практично се проширува истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која загина 61 лице, а над 100 беа повредени.
„Во однос кои се тие полициски службеници и што се дел од истрагата, јавното обвинителство за дел веќе има отворено истрага, меѓутоа еве ќе кажам во моментов, ми јавуваат, дека има издадено наредба за приведување на уште седум полициски службеници и утре ќе бидат изведени пред јавниот обвинител, а потоа и пред судија на претходна постапка“, рече државниот обвинител Љупчо Коцевски во емисијата „Топ тема“ на телевизија „Телма“.
Коцевски рече дека објектот „Пулс“ не бил познат само на полицијата туку бил познат на целиот град, на локалната самоуправа и на сите надлежни институции кои што требало да функционираат.
Тој, исто така, истакна дека 13 години во Кочани не е извршен никаков инспекциски надзор на објектот.
Од обвинителството кусо соопштија дека во рамки на предистражна постапка МВР постапува на терен во врска со обезбедување на полициски службеници.
Повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.