Спорт
Пабло Мари го облече дресот на Арсенал

Фудбалскиот клуб Арсенал официјално го претстави последното клупско засилување. Станува збор за 26-годишниот Пабло Мари, кој во Лондон пристигна од Фламенго.
Според договорот што го постигнале клубовите, Мари до крајот на сезоната ќе биде позајмен во Арсенал. На трансферот на овој дефанзивец инсистираше тренерот Микел Артета.
Пабло Мари во кариерата настапувал за Химнастик, Џирона, НАЦ Бреда, и Депортиво Ла Коруња. Од 2016 година тој бил под договор со Манчестер сити.
Во јули минатата година Фламенго за него платиле 1,7 милиони евра. Од позајмицата на Мари бразилскиот шампион ќе заработи пет милиони евра.
Welcome to London. Welcome to Arsenal.@PabloMV5 is coming to the capital! ? pic.twitter.com/X07dtNeG5Y
— Arsenal (@Arsenal) January 29, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Реал Мадрид ќе му понуди нов договор на Модриќ

Реал Мадрид ќе му понуди нов договор на капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ и покрај тоа што во септември ќе наполни 40 години, најави Никола Шира, италијански новинар и експерт за фудбалски трансфери.
Во објава на социјалната мрежа „Х“, тој напиша дека Реал сака да го задржи својот капитен и следната сезона и дека ќе му понуди договор до летото 2026 година.
Исто така, се наведува дека Модриќ сака да ја продолжи својата кариера бидејќи сонува да игра со хрватската репрезентација на Светското првенство во 2026 година.
Модриќ е во Реал од 2012 година. Тој е најтрофејниот играч на „кралскиот клуб“, шест пати ја освои Лигата на шампионите, четири пати бил шампион на Шпанија.
Спорт
Навивачите на Валјадолид побараа играчите да им ги рефундираат парите

Навивачите на Ваљадолид преку официјално соопштение му пишаа на клубот по дебаклот на натпреварот со Атлетик, одигран вчера на „Сан Мамеш“ во Билбао и бараат да им се вратат парите што ги платиле за билетите.
Тимот од „Зориља“ го претрпе најтешкиот пораз (7:1), во инаку очајната сезона во која го зазема последно место на табелата во Ла Лига.
Во претходното коло Ваљадолид беше поразен на домашен терен од Севиља со 0:4, но срамот во Баскија беше последната капка која ја пречи чашата во односнот меѓу навивачите и клубот.
Официјалната навивачка група на Ваљадолид излезе со соопштение во текот на вечерта и испрати повеќе од јасна порака до играчите и клубот по срамниот настап во Билбао.
Тие бараат од играчите да ги покријат трошоците за нивните билети за натпреварот.
„Вече не станува збор за победи, нерешени и порази, не станува збор ниту за опстанок во лигата, туку за фактот дека најмалку што бараме од тимот е да излезе на теренот и да се бори. Ве известуваме дека писмено побаравме од клубот да ги надомести трошоците за гостински билети за навивачите кои отпатуваа во Билбао, а парите ќе треба да ги рефундираат играчите од првиот тим на Ваљадолид“, се вили во соопштението.
ℂ𝕆𝕄𝕌ℕ𝕀ℂ𝔸𝔻𝕆 𝕆𝔽𝕀ℂ𝕀𝔸𝕃:
Con la presente, informamos que hemos solicitado al club por escrito, la devolución del coste de las entradas visitantes a los aficionados blanquivoletas desplazados a san Mamés, y que dicha devolución sea costeada por la actual plantilla del… pic.twitter.com/Zg8lw0PoNy
— Federación de Peñas del Real Valladolid (@fdprvalladolid) February 23, 2025
Спорт
Мојзе Кен пуштен на домашно лекување

Фудбалерот на Фиорентина, Мојзе Кен е пуштен од болница откако се здоби со повреда на главата на вчерашниот натпревар против Верона.
Иако на почетокот се чинеше дека се работи за посериозна повреда, клубот денеска соопшти дека Кен е пуштен на домашно лекување и дека сите тестови се добри.
Првотимецот на „виолетовите“ синоќа од Верона се врати во Фиренца.
„Сите клинички тестови беа негативни, ќе остане само лузна“, се наведува во клупското соопштение.
Најдобриот стрелец на Фиорентина оваа сезона нема да игра во следната рунда против Лече.