Европа
Еден ден до брегзит: што ќе се смени утре на полноќ?

Брегзитот треба да се случи утре, на полноќ, 1.317 денови откако Британците одлучија да ја напуштат Европската Унија. Што ќе се смени на 1 февруари?
Секојдневната трговска размена меѓу Обединетото Кралство и ЕУ ќе продолжи како и до сега сè до крајот на 2020 година. Во преодниот период од 11 месеци Лондон и Брисел треба да се договорат какви ќе бидат нивните односи во иднина.
Ако не се договорат, трговијата со Британија ќе се одвива според правилата на Светската трговска организација додека не се постигне договор за слободна трговија, што всушност би значело „тврд“ брегзит.
Лондон до 1 јули може да побара продолжување на преодниот период за година или две, но британскиот премиер Борис Џонсон рече дека не го сака тоа.
ЕУ утре на полноќ првпат ќе остане без една земја членка, која меѓу другото е и една од најголемите и најбогатите.
По излегување на Велика Британија, територијата на ЕУ ќе се намали за 5,5 отсто, а ќе се намали и бројот на жители.
Ако Обединетотo Кралство ќе сака да се врати во Унијата, ќе мора да ги помине вообичаените процедури за пристапување.
Отстранувањето на британското знаме од пред зградата на Европскиот парламент во Бирсел ќе ја симболизира промената – Обединетото кралство нема да биде земја членка на ЕУ туку ќе стане „трета земја“.
Во ЕП нема да има ниту еден од сегашните 73 британски европратеници.
Според податоците на Обединетите нации, речиси 1,2 милиони британски државјани живеат во некоја друга членка на ЕУ, а најмногу во Шпанија, Ирска, Франција, Германија и Италија. Според британската канцеларија за статистика, пак, 2, 9 милиони државјани на 27 земји членки на Унијата живеат во Британија, што е околу 4,6 отсто од популацијата.
Во склад со Договорот за повлекување, и едните и другите ќе го задржат правото на престој и работа во земјите во кои престојуваат. Државјаните на земјите-членки кои престојуваат во Британија ќе мора да се регистрираат за да ги задржат правата. За Британците кои живеат ов ЕУ процедурата се разликува од земја во земја.
Слободата на движење ќе важи до 31 декември 2020 година. Деталите за реципрочните права ќе бидат договорени по брегзит.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Русија: Украина го нападна нашиот брег на Црното Море

Русија во петокот објави дека Украина го нападнала нивниот брег на Црното Море во близина на Сочи со ракети и беспилотни летала.
Градоначалникот на Сочи, туристичка дестинација на источниот брег на Црното Море, објави дека украинскиот напад е запрен.
Tourists in Sochi spent the night sheltering in basements and car parks as waves of unknown drones hit the area, reportedly targeting a nearby oil refinery near Adler, the southern district of Sochi close to the Abkhazian border.
The mayor claims a missile attack was repelled,… pic.twitter.com/yxdGxmAGLI
— Shaun Pinner (@olddog100ua) October 17, 2025
Жителите на градот, кој беше домаќин на Олимписките игри во 2014 година, објавуваа на социјалните мрежи за тревогите и експлозиите. Градоначалникот ги повика луѓето да ги избегнуваат плажите и крајбрежните области и да побараат засолниште.
Локалните медиуми објавија дека сообраќајот на меѓународниот аеродром во Сочи е привремено запрен. Нема непосредни извештаи за штети.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека 32 украински дронови биле пресретнати над Кримскиот полуостров.
Burning oil depot in #Hvardiyske – view from the highway near #Simferopol 🔥🔥🔥 pic.twitter.com/X4z4t82WLK
— Aurora Borealis 🤫 (@aborealis940) October 17, 2025
Службениците изјавија дека немало штета на електраните или прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Германската новинска агенција ДПА цитира непотврдени извештаи и видеа на социјалните мрежи дека голем објект за складирање нафта во Симферопол, Крим, бил погоден.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Експлозија во станбена зграда во Букурешт: две лица загинаа, 12 сповредени

Силна експлозија потресе осумкатна станбена зграда во Букурешт.
Bucharest, Romania, Now pic.twitter.com/1a4cNKXVlY
— Musat Sorin Mihai (@sorinmihaimusat) October 17, 2025
Според првичните извештаи од властите во романската престолнина, две лица загинаа, а 12 други се хоспитализирани, објави „Ројтерс“.
An explosion occurred in a residential building in Bucharest, destroying several apartments on the 5th and 6th floors.
Authorities in the Romanian capital confirmed that two people were killed, while another 12 were hospitalized, according to preliminary reports. pic.twitter.com/rxPsE1wIaM
— NEXTA (@nexta_tv) October 17, 2025
Експлозијата искрши прозорци во блиското средно училиште и уништи неколку станови на петтиот и на шестиот кат од зградата.
фото: принтскрин
Европа
Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин свика состанок на моќниот Совет за безбедност на Русија по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, објавија денес руските новински агенции повикувајќи се на помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Според Ушаков, Путин детаљно ги информирал членовите на Советот за безбедност за разговорот со Трамп.
Трамп и Путин се согласија в четврток да одржат уште еден самит за војната во Украина, изненадувачки потег што дојде откога најавата за нова американска воена поддршка за Киев предизвика загриженост во Москва.
Во Русија, Советот за безбедност е клучно тело за донесување одлуки за најважните прашања за националната безбедност на Русија.
фото: принтскрин