Регион
Учителка од Бар суспендирана зашто учениците цртале штрумфови со српската тробојка

Рада Вишњиќ, учителка од основното училиште „Југославија“, чии ученици на часот по ликовно вопитување цртале штрумфови е суспендирана додека против неа трае дисциплинска постапка, пренесува „Вечерње новости“.
Учителката ја дознала оваа информација вчера попладне, кога дошла на работа.
„Додека трае постапката, нема да можам да се гледам со моите ученици на часовите. Одлуката не ме изненади. Во моментот единствен проблем е што не знам колку долго би можела да трае суспензијата бидејќи во тој период нема да примам плата“, вели Вишњиќ.
Детските цртежи биле нацртани во понеделникот на редовниот час по ликовно воспитување на тема цртање украси. Вишњиќ веднаш била свесна дека децата го украсуваат омилениот јунак од цртавиот фил со тробојка, но тоа не ѝ пречело.
„Немавме намера да предизвикаме провокација, ниту омраза, туку љубов. Само малку си игравме. Учениците многу добро знаат за што станува збор, веќе имаат по десет години. Тие знаат сè. Одат на литии “, изјави Вишњиќ.
Велештрумф, кого децата го нацртале на тробојки, стана нов симбол на борбата за зачувување на српските светилишта во Црна Гора.
Откако ѓтрумфови станаа хит на социјалните мрежи, директорката на училиштето, Биљана Вукмановиќ, изјавила дека таа институција не е место на кое отворено или прикриено ќе се демонстрира политичко дејствување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.