Свет
Американец кој не може да оди го пропатувал светот на грбот на пријателите
Кеван е роден со ‘рбетна мускулна атрофија, што влијае на нервниот систем кој го контролира движењето на мускулите. Никогаш не направил ниту еден чекор, но со помош на пријателите ја има пропатувано цела Европа.
Кеван Чендлер (32) е еден обичен човек со извонредна приказна. 32-годишникот живее во Форт Вејн, Индијана, со двајца цимери и сака да патува. Во текот на летото 2015 година тој и неговите пријатели поминале три недели патувајќи низ Европа, а заедно ја истражиле и Кина. Кеван ги доживеал сите неверојатни работи за кои сонувал, иако поради болест не може да се движи.

Откако неговиот пријатели му помогнаа да го прошета светот, тој го започна светското движење „Го носиме Кеван“, кое станува сè попознато секој ден.
Тој е најмладиот во семејството и има посебна врска со неговата сестра Кони, која исто така страда од мускулна атрофија.
„Одам низ животот со семејството, чекор по чекор “, рече Кеван за USATODAY.
„Нашите родители се многу креативни, па ни помогнаа да сфатиме како да се бориме во животот. Сестра ми е постара од мене, па таа некако ми го покажа патот и ми отвори многу врати“, вели светскиот патник.
Тој признава дека дури и по 30 години, тој не навикнал на состојбата во која се наоѓа.
„Имам 32 години и моите раце сè повеќе ја губат силата. По толку години, тоа е само фрустрирачко“, вели тој.
Кеван го поминува своето време во подигнување на свеста за лицата со посебни потреби. За разлика од неговата сестра, која поради својата состојба го зема лекот спинраза, Кеван одбива лекување и лекови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски му одговори на Трамп: „Секогаш сум подготвен за избори“
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека е „секогаш подготвен за избори“, одговарајќи на претходната изјава на американскиот претседател Доналд Трамп дека „Киев ја користи војната за да избегне избори“.
„Секогаш сум подготвен за избори“, изјави Зеленски за италијанската „Република“, во кратка изјава додека го напушташе хотелот на пат кон Палатата Киџа, каде што треба да се сретне со италијанската премиерка џорџа Мелони.
Зеленски додаде дека „и верува на Мелони во преговорите“ што се водат според американскиот мировен предлог за прекин на војната во Украина.
Порано денес, Трамп изјави за „Политико“ дека е време да се одржат избори во Украина.
„Тие ја користат војната за да не одржат избори, но мислам дека украинскиот народ треба да има таков избор. И можеби Зеленски би победил. Не знам кој би победил. Но, тие немале избори долго време. Знаете, тие зборуваат за демократија, но таа достигна точка каде што повеќе не е демократија“, рече Трамп.
Фото: депозитфотос
Регион
Вучиќ: Нема да го менувам Уставот за да останам претседател, но би можел да станам премиер
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека нема да го менува Уставот за да остане претседател, но ја остави отворена можноста да стане премиер, за што, вели тој, му е потребна јавна поддршка. Тој додаде и дека е уморен и би сакал некој друг да ја преземе таа работа во иднина, пишува Blic.rs.
Вучиќ на форумот „Beltalks: Економски разговори во Белград“ изјави дека почнал да размислува за своето наследство и нагласи дека промената на Уставот нема да се случи.
„Можам да бидам премиер, но за тоа ви е потребна јавна поддршка, а јас треба да ја донесам таа одлука. И не е лесно за ниту едно прашање. Како што секогаш им велам на моите соработници, не бидете оптимисти, не го потценувајте вашиот противник. Но, јас сум уморен и исцрпен, и би сакал некој друг да ја заврши таа работа во иднина“, рече Вучиќ.
Тој, исто така, се осврна на достигнувањата за време на неговата влада, нагласувајќи ја стабилната економска состојба.
фото/депозитфотос
Свет
Мерц вели дека Путин сака да го обнови Советскиот Сојуз, Кремљ му одговари
Кремљ денес соопшти дека европските тврдења дека рускиот претседател Владимир Путин сака да го обнови Советскиот Сојуз се погрешни и дека тврдењата дека тој има намера да нападне членка на НАТО се целосна бесмислица.
Путин, кој е роден во СССР, го опиша распадот на таа земја во 2005 година како најголема геополитичка катастрофа на 20 век, бидејќи десетици милиони Руси беа осиромашени, а самата Русија беше загрозена од распад.
Критичарите тврдат дека Русија под Путин се враќа кон апсурди и репресии споредливи со периодот кога Леонид Брежњев беше лидер на СССР. Западните лидери велат дека Путин, ако победи во Украина, еден ден ќе го нападне НАТО.
Путин постојано негира дека има намера да ја нападне алијансата и рече дека таков потег би бил глупав.
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, изјави дека Путин сака да го обнови стариот Советски Сојуз и дека Европа мора да се одбрани од, како што рече, јасните намери на Русија, наведени во официјалните руски доктрини, да го нападне НАТО.
„Тоа не е вистина“, одговори портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на новинарско прашање за тврдењата на Мерц. „Владимир Путин не сака да го обнови СССР затоа што тоа е невозможно, а тој самиот го кажал тоа многу пати“.
„Зборувањето за тоа не е внимателно кон нашите партнери“, рече Песков. „Очигледно, г-дин Мерц не го знае тоа“, додаде тој. „А што се однесува до подготовката на напад врз НАТО, тоа е целосна бесмислица“, рече тој.
фото/депозитфотос

