Контакт

Вести

Осомничена за експлозијата во Бангкок откриена во Турција

Објавено пред

Осомничена за учество во терористичкиот напад од 17-ти август во тајландската престолнина Бангкок, се наоѓа во Турција и има намера наскоро да се врати на Тајланд за да даде изјава, пренесуваа локалните медиуми откако локалните власти објавија дека издале налог за нејзино апсење.

dobivaj vesti na viber

На листата на осомничените 26-годишната Ванна Суансан се најде бидејќи на нејзино име бил изнајмен стан во Бангкок во кој полицијата пронашла супстанции и материјали од кои се подготвуваат експлозивни направи.

„Јас не престојував во тој стан повеќе од година. Всушност јас го изнајмив, но таму живееја пријатели на мојот сопруг. Сепак, не знам колку луѓе живееле таму..“, ја цитира Сиансан The Bangkok Post. Според весникот, жената од јуни се наоѓа во Турција.

Според информациите со кои располага The Bangkok Post, двајца осомничени за експлозијата избегале од Тајланд и во моментов се наоѓаат во соседна Камбоџа.

Во рамките на истрагата за експлозијата во која загинаа 21 човек а 123 беа ранети, тајландската полиција во саботата уапси 29 луѓе, за кои се претпоставува дека се државјани на Турција. Истрагата смета дека тие најверојатно учествувале во процесот на испорака до местото на којашто била постаена експлозивната направа, но дека директно не се одговорни за нејзиното поставување. Налози за апсење се издадени за уште четири лица, покрај за Ванна Суансан, која инаку е државјанка на Тајланд.

Осомничен за вмешаност во експлозијата во тајландската престолнина, беше уапсен во саботата утрото во неговиот стан во северниот дел на Бангкок, Во текот на претресот полицијата пронашла во станот материјали кои може да се искористат за изработка на експлозивни направи. Меѓу предметите запленети во неговиот стан, била и кошула на која се откриен траги од ТНТ, експлозивот користен во нападот. Според локалните медиуми, во зградата во којашто живеел уапсениот во јуни биле изнајмени пет станови, в кои живеела група странци, се претпоставува дека се од Турција.

Подоцна во саботата попладнето тајландските власти соопштија дека уапсениот е турски државјанин, но без да го откриваат неговиот идентитет. Сепак, локалните медиуми објавија турска патна исправа која гласи на 28-годишниот Адем Карадаг од Истанбул, наводно најдена кај приведениот, како и уште неколку турски фалсификувани пасоши.

Како што пишуваше во неделата весникот The Bangkok Post, за време на истрагата полицијата открила таен магацин со експлозивни материјали во една повеќекатница во Бангкок. Во станот изнајмен на име на жител на Тајланд, биле пронајдени супстанции и предмети неопходни за подготовка на експлозивни направи. Тие се испратени на вештачење, а полицијата се обидува да открие стан или објект во кој се среќавале луѓето кои го планирале нападот.

Експлозијата се случи на 17-ти август вечерта во центарот на Бангкок, и во неа загинаа 21 човек, а 123 беа повредени, од кои неколку сé уште се во критична состојба. Импровизираната бомба на далечинско управување во чиешто подготвување бил користен тринитротолуол, била поставена на оградата на хиндуистичкото светилиште на божеството Ераван (триглав свет слон) во периодот кога храмот бил особено посетен, меѓу кои најбројно се туристи од Кина, кои се и најбројни меѓу жртвите, како и од Сингапур и Тајван.

Според една од верзиите за нападот, која почива на информациите за турското потекло на уапсениот, е дека станува збор за припадници на турската ултранационалистичка организација „Сиви волци“, смета британскиот аналитичар Ентони Дејвис, од специјализиран ресурс за воената сфера.

Според неговите информации, „Сивите волци“ стојат зад неодамнешниот напад врз конзулатот на Тајланд во Истанбул. Имено во јули годинава Тајланд по една година депортираше во Кина 97 припадници на муслиманската туркофона заедница Ујгури, кои го обвинуваат Пекинг за репресија, кој пак ги обвинува за серија крвави терористички напади, сепаратизам и поврзаност со екстремни исламистички организации. Еден месец претходно тајландските власти во Турција депортираа 173 Ујгури, кои биле турски државјани. Вендаш по ова следуваше нападот врз конзулатот во Истанбул.

Ујгурските активисти за човекови права ги обвинија тајландските власт за „насилно раздвојување на ујгурските семејства“, но премиерот Прајут Чан-Оча одговори сека депортациите биле „целосно легални“./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 минути

Кремљ негира вмешаност во инцидентот со ГПС со авионот на Урсула фон дер Лајен во Бугарија

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли тврдењата дека Русија се мешала во услугата на Глобалниот систем за позиционирање (ГПС)...

Македонија4 часа

(Видео) Родителите од Демир Хисар на протест побараа бесплатен превоз за учениците: „Нема да престанеме да се бориме“

На првиот училиштен ден,  на патниот правец Демир Хисар – Битола, кај местото Мраморица, се одржа мирен протест со блокада...

Македонија5 часа

Николоски: Доста е од злоупотреби на тајните служби, процесуирање на одговорните е предуслов за демократијата во Македонија

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, повика Обвинителството да отвори истрага и да ги процесуира...

Македонија8 часа

Муцунски: Благодарение на СДС и ДУИ преговорите со ЕУ не може да бидат блокирани затоа што никогаш и не почнаа

Денес Венко Филипче повторно зборуваше за преговорите со ЕУ, како тие да се блокирани. Но вистината е тажна и едноставна...

Македонија8 часа

Бројот на германски туристи зголемен за 219 отсто, над 23.000 Германци годинава ја посетија Македонија

Во рамките на Museumuferfest во Франкфурт, настан што секоја година ги обединува посетителите од регионот и многубројните туристи од целиот...

Македонија9 часа

Македонија 51. на листата на земји според Глобалниот индекс за мир за 2025

На Глобалниот индекс за мир (GPI) за 2025 година Македонија е на 51. место со резултат од 1,799. Ова, според...

Македонија9 часа

Во август 19.343 сообраќајни прекршоци, уапсени 82 возачи

Во периодот од 01 до 31 август, од вкупно 19.343 издадени платни налози, 6.730 прекршоци се однесуваат на возачи кои...

Македонија10 часа

(Видео) Мицкоски: Пред 15 години зборувавме за компјутер за секое дете, а денес, по 15 години, зборуваме за учебник за секое дете

По повод почеток на новата учебна година, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски го посети ООУ „Кирил...

Македонија11 часа

Македонија доби 2,3 милиона евра неповратна помош од ЕУ

ЕУ ги ослободи средствата од првата транша за Северна Македонија. На земјата и се исплатени 2.3 милиони евра како неповратна...

Топ11 часа

Уапсен дилер во Скопје, запленети 100 кесички со марихуана

Вчера околу 19 часот на улицата „Анкарска“ во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го...

Свет12 часа

(Видео) Снимен моментот кога силен земјотрес го погоди Авганистан: досега најмалку 622 загинати

Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди источен Авганистан ноќеска, при што загинаа најмалку 622 лица, повеќе од 1.500...

Европа13 часа

(Видео) Путин: Оваа криза не почна со рускиот напад врз Украина, резултат е на државниот удар во Украина, кој Западот го поддржа

Рускиот претседател Владимир Путин денес се обиде да ја оправда инвазијата на Украина пред сојузниците, обвинувајќи го Западот за провоцирање...

Македонија13 часа

Нема активни пожари во Македонија

Во изминатото деноноќие до 07:00 часот утрово, на територијата на Македонија имаше вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои...

Македонија13 часа

Почнува учебната година, во клупите ќе седнат 177.800 основци и 67.200 средношколци

Новата учебна 2025-2026 година ќе ја започнат 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. Настава ќе има до...

Свет14 часа

САД го укинаа издавањето визи за речиси сите Палестинци

САД го укинаа издавањето визи за речиси сите носители на палестински пасоши, објави „Њујорк тајмс“ во неделата. Ограничувањата се построги...

Свет15 часа

Руди Џулијани тешко повреден во сообраќајна несреќа во САД

Поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани (81), е повреден во сообраќајна несреќа во американската држава Њу Хемпшир, јавува Би-би-си. Според...

Свет15 часа

(Видео) Автомобил се забил во рускиот конзулат во Сиднеј

Автомобил се забил во рускиот конзулат во Сиднеј, а едно лице поврзано со судирот е уапсено, објави утрово австралискиот телевизиски...

Македонија15 часа

Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија1 ден

Пожарот во Вардариште е под контрола, дел по дел Скопје добива струја

Пожарот во депонијата Вардариште е ставен под целосна контрола, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. Поради големиот пожар повеќе...

Македонија1 ден

Вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои три се активни, осум изгаснати, а еден под контрола

Заклучно со 18:00 часот, на територијата на државава има вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои три се активни,...