Вести
Руската амбасада во САД ги отфрли обвинувањата за хакирање на серверите на демократите
Руската амбасада во САД ги нарече целосно неосновани обвинувањата на адреса на Русија од страна на некои функционери на американската Демократска партија по упадот во серверите на партијата од страна на засега непознати хакери.
Повеќе функционери на американските демократи изјавија дека скандалот со истекувањето на непријатната внатрепартиска преписка претставувало доказ дека Русија наводно работи во поддршка на републиканскиот кандидат Доналд Трамп.
„Видовме река од несоодветни обвиненија, кои повторно ги преплавија американските медиуми. Може само да се исчудуваме на таквите инфантилни неосновани обвинувања, кои се далеку зад пределите на реалноста“, се наведува во објавата на руската амбасада на Facebook, пренесе агенцијата РИА.
Демократската партија ја тресе скандалот со објавата на повеќе од 19.000 електронски пораки на Националниот комитет на Демократската партија (DNC), главното управно партиско тело, во петокот на WikiLeaks, во кои се открива дека од членовите на овој комитет кои треба да бидат неутрални, се барало да дадат поддршка за Хилари Клинтон и да изнаоѓаат начини и преку медиумите да го дискредитираат сенаторот Берни Сандерс во трката по партиската номинација за ноемвриските претседателски избори.
Тоа беше причина претседателката на DNC, Деби Васерман-Шулц во неделата вечерта да објави специјална изјава во која ја објави својата намера да ја напушти функцијата по партиската конвенција.
Портпаролот на изборниот штаб на Клинтон изјави дека серверите на партијата биле пробиени од страна на руски хакери и наводно тоа сведочело за намерите на Москва да му помогне на Трамп. Од изборниот штаб на републиканците, пак, таквите наводи целосно ги отфрлија.
Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, претходно одби да го коментира информациите дека хакери поврзани со Русија се поврзани со скандалот меѓу демократите на Клинтон./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.