Економија
Презентација на новиот „Пежо 208“
Иако првата генерација на моделот 208 на сите нам ни е познат уште од 2012 год, приказната за овој модел датира уште од дамнешната 1983 и е поврзана со моделот 205. Токму овој модел, поради своитe покрај останатото одлични резултати во продажбата, е причината да PSA продолжи со понатамашен развој токму на овој концепт на возила. Следеше моделот 206 во 1998, моделот 207 во 2006, па споментата прва генерација 208, шест години подоцна.
Меѓутоа сето ова беше вчера. Денес, осум години подоцна, зборуваме за втората генерација на моделот 208, каде што Peugeot промени многу. Нова платформа, но исто така и нов дизајн.
Како што споменав и на почетокот, Peugeot има испишано историја со претходните модели. И имал тешка задача… треба да ја оправда историјата, а воедно да ја предвидува и создава иднината.

„Unboring the future – новиот потпис со кој Peugeot го дава своето ветување дека иднината нема да биде здодевна. Со ова брендот алудира на тоа дека предизвикот е прифатен и модел по модел започнува да ги претставува возилата на иднината. Постојат одредени елементи кај новиот Peugeot 208, за кои е вредно да го добие вашето внимание. Ние сме подготвени да ги задоволиме барањата на најпребирливите клиенти. Јасно ја следиме нашата стратегија за репозиционирање на брендот неколку склалика повисоко, а со тоа смело предизвикуваме потенцијални клиенти од премиум круговите“, изјави Ивана Манчева Михајловска, Маркетинг директор.
Малиот „лав“ е моќен, атрактивен и атлетски граден. На улица, ќе биде забележителен во секоја прилика.
На предната маска, доминираат светла во форма на лавовски заби. Предни светла, кои се земени од многу поголемиот брат Peugeot 508. Решетката од напред е голема и хромирана, со дизајн кој го надополнува енергичниот изглед на возилото. Странично имаме атлетски градено возило, а неговата вкупна должина изнесува 4m и 6cm, што е за импресивни 9cm повеќе од моделот од претходната генерација. Новиот 208, во висина е за 3cm е понизок и 6cm е поширока во однос на претходниот модел. (висина 1.430mm, ширина 1.745mm) Со новите димензии поставен на новата модуларна CMP (Common Modular Platform), новиот 208 има и подобро однесување на патот и поголем конфор за патниците.

Одзади најпрво се забележуваат стоп LED светлата во форма на лавовски канџи. Станува збор за 100% Led светла, вклучени и дење и ноќе, со цел да бидете забележани во секое време и при секакви услови на патот од сите учесници кои се наоѓаат зад вас. Истото е пред сè од безбедносен анспект, но со тоа дополнително се зголемува шармот на возилото.
Внатрешноста, ќе се уверите и сами. Како да го гушка возачот, ќе ве освои уште од првото запознавање… Тронот припаѓа на револуционерен 3D i-Cockpit, за прв пат е интегриран во овој модел. 3D инструмент табла со холограмски приказ. Две површини, поставени една зад друга кои истовремено прикажуваат податоци согласно приоритетот/важноста. 10’’ eкран на допир, позициониран соодветно на возачот. Чист и современи линии на столбот на кој се поставени прекинувачи/дирки, кои се скратена патека до командите кои сакате да ги зададете….
Прогресивен, компактен и мал управувач со „спуштена спортка“ позиција (по кој брендот е единствен), го крева конфорот на едно многу повисоко ниво. Наша препорака е правилно да го позиционирате управувачот и седиштето, да ја имате целата прегленост на инструмент таблата и околината и да направите тест возење со новиот 208. Само така ќе можете да почувствувате вистинските придобивки на овие револуцинерни изуми на инжинерите и дизајнерите на Peugeot.
„Новиот Peugeot 208 нуди цела гама на мотори од последната генерација која што ги исполнува побарувањата на Еуро 6 нормите. Воедно, новиот 208 е богато опремено возило, со најнови технолошки иновативни решенија кои досега можеа да се сретнат во моделите од повисоките сегменти, со одлични возни својства и беспрекорно држење на патот.
Се поставува прашањето, кому е наменет овој модел? Одговорот е мошне едноставен, наменет е на сите! Без разлика на полот мажи/жени и без разлика на возраста, новиот Peugeot 208 е наменет на сите“, изјави Томислав Нафидов, Директор на продажба.

Новиот Peugeot 208 нуди цела гама на мотори од последната генерација која што ги исполнува побарувањата на Еуро 6 нормите.
Кога станува збор за бензиските PureTech мотори, се работи за трицилиндричните 1,2 литарски мотори, кои испорачуваат сила од 75, 100 и 130 КС. Во однос на менувачите, во понуда се достапни два мануелни менувачи, 5-то степен и 6-то степен, како и автоматскиот менувач со 8 брзини. Дизелскиот Bluе HDI четирицилиндичен 1,5 литарски мотор испорачува сила од 100 КС. Овој мотор е придвижуван од 6-то степен мануелен менувач.
Новиот 208 е автомобил кој што не е само атрактивен. Тој е и економичен и динамичен. Потрошувачката не би ја искажувале во бројќи, бидејќи истата е во директна корелација меѓу: типот на моторот, начинот на возење, навременото менување на брзини, товарот во возилото, користењето на греење/ладење, условите на патот итн…

Во однос на бројната технологијата вградена во новиот лав, вредно е да се спомене:
– 3D инструмент таблата – иновација чие што прво појавување е резервирано токму кај nовата 208ца;
– 10’’ екран на допир кој може да се контролира преку гласовна компанда, компандите на управувачот, преку допир или преку 7те дирки за брз пристап;
3D навигација;
– Mirror screen;
– Простор за безжично напојување на телефонот;
– Новиот систем Drive assist кој овозможува полу-автономно возење со помош на опрема од најновата генерација, најдобра во овој сегмент;
– Потоа тука се адаптивниот темпомат со функција Stop&Go, системот за задржување на возилото во коловозната лента, Park Assist системот, напредниот систем за препознавање на знаци на патот;
– Електричната паркирна сопирачка итн…

Новиот Peugeot 208 се нуди во четири новоа на опременост – Like, Active, Allure и GT Line.
Цената на моделот се движи од 12.990 евра за бензискиот PureTech мотор со 75 КС, па се до 22.660 евра за GT-Line изведба со бензиски PureTech агрегат со 130 КС и 8 степен автоматски менувач.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Трипуновски: Зголемување од 15 проценти на откупот и продажбата на земјоделски производи во последното тримесечје, споредбено со лани
„Минатата година, следејќи ги сите тримесечја во споредба со 2024 година, и последниот извештај потврди позитивни трендови во земјоделството. Според официјалните податоци, откупот и продажбата на земјоделските производи во последното тримесечје изнесуваат 12,5 милијарди денари, што претставува раст од 15% во однос на истиот период од 2024 година“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од Струмица.
Тој додаде дека растот не се однесува само на откупните и продажните цени, туку и на зголемениот квантитет на земјоделски производи.
„Според табелите објавени од Државниот завод за статистика, речиси кај сите земјоделски производи се бележи зголемување на количините. Особено се издвојуваат грозјето, пченицата и јаболката, како и производството во сточарството, особено во свињарството, овчарството и производството на говедско месо“, појасни Трипуновски.
Тој додаде дека зголемувањето на количините е забележано и кај останатите земјоделски култури, што претставува значаен показател дека 2025 година може да се оцени како успешна, со зголемен интензитет и на откупот и на извозот на земјоделски производи.
Економија
Мицкоски: Очекувам инфлацијата да биде под 3%, односно во рамките на она што го проектираме
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека Државниот завод за статистика излезе со извештај за инфлацијата и какви се очекувањата за оваа година, изјави:
„Во делот на храната, минатата година имаше „божиќна кошничка“, „јануарска кошничка“ и така ќе биде и во април. Инаку ценам дека ќе се движиме во рамките на проекцијата под 3% на ниво на годишна инфлација оваа година. Кога ќе ја споредиме стапката, горе-долу е иста како во регионов. Освен во соседна Србија каде што е 2,2 – 2,3 поради тоа што они имаат мерка, онаа мерка со ограничување на цените на производите. Првиот момент кога ќе ја напуштат таа мерка, тогаш сето ова ќе се нивелира и наеднаш ќе имаат пик, бидејќи ние тоа го видовме една година пред они тоа да го имплементираат и затоа одлучивме преку други механизми да се бориме против инфлацијата.
Инаку што се однесува до другите месеци, јас очекувам да бидат под 3%. Да речеме има држави во Европа како што е Романија, каде што инфлацијата во јануари е 9,8%, има Турција каде што е двоцифрена инфлацијата, преку 30%, соседна Бугарија, Хрватска и така натаму, да ги редам, голем број примери во Европа, каде што инфлацијата е многу поголема од таа што е кај нас. Јас очекувам кај нас инфлацијата оваа година на годишно ниво да биде под 3%, односно во рамките на она што го проектираме.“
Економија
Дурмиши: Со системски мерки и партнерство ја намалуваме неформалната економија и го јакнеме формалниот сектор
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска се обрати на конференцијата „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“, посветена на системските мерки и заедничките политики за намалување на сивата економија и јакнење на формалниот сектор.
Во своето обраќање, министерот Дурмиши истакна дека неформалната економија е сложен и долгорочен предизвик кој ја нарушува конкуренцијата, ги оштетува работниците и го намалува фискалниот капацитет на државата.
Тој нагласи дека за дел од граѓаните непријавената работа не е избор, туку нужност, што бара одговор преку креирање пристојни и стабилни работни места.
„Секој компромис со сивата економија значи понизок економски раст, помалку јавни услуги и понизок квалитет на живот. Затоа ни се потребни системски, конзистентни и одржливи решенија“, потенцираше министерот.

