Спорт
Лајам Галагер му е батлер на „Кралот“ Кантона во новиот спот (видео)
Иако е огромен навивач на Манчестер сити, поранешниот фронтмен на британскиот бенд Оејзис, Лајам Галагер беше пресреќен да ја игра улогата на батлер на францускиот фудбалски великан во неговиот нов спот за песната „Уанс“.
Самиот Галагер минатата година призна дека лутите ривали на Сити, Јунајтед, предводени од Кантона му го „уништиле животот во 1990-тите“. Сега, воените секири се закопани.
„Пресреќен сум што Ерик Кантона,последниот рокенрол фудбалер е ѕвезда во моето ново видео. Вакви песни не доаѓаат толку лесно, исто како и фудбалери како него“, вели Галагер.
Во спотот, „Кралот“ Ерик бара да му се наполни чашата со вино, по што полугол се шета во својата палата, за да почека слугата да му ја отвори вратата од „Ролс ројсот“.
I’m absolutely thrilled to have Eric Cantona, the last Rock n roll footballer, star in my video for ‘Once’. Songs like this don’t come around very often and neither do football players like him LG x https://t.co/RSS8EFGfZE
— Liam Gallagher (@liamgallagher) January 31, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дани Алвеш купува португалски клуб, па како засилување ќе го донесе Дани Алвеш
Поминаа девет месеци откако жалбата на Дани Алвеш беше одобрена, со што тој беше ослободен од казната што првично му беше изречена за силување. Оттогаш, Алвес се најде во улога на проповедник, а како што објавија бразилските медиуми, сега се подготвува да се врати на фудбалскиот терен.
Дани Алвеш го одигра својот последен професионален натпревар во јануари 2023 година, само неколку дена пред да биде уапсен под обвинение за силување. Пумас, каде што играше во тоа време, веднаш го раскина неговиот договор.
Како што објави „ESPN“ од Бразил, Алвеш планира да се врати во фудбалот како играч.
Наводно, Алвеш е во преговори со група инвеститори за купување на португалскиот третолигаш Сао Жоао Вер.
Планот е, кога и ако купувањето биде успешно, Алвеш да биде регистриран како играч, барем во првите шест месеци.
Тоа, како што пишуваат Бразилците, би можело да се случи во јануарскиот преоден рок, па Алвеш би го одиграл вториот дел од сезоната за својот иден клуб, по што официјално би се пензионирал.
Во исто време, случајот за кој тој беше осуден на затворска казна е сè уште во тек бидејќи обвинителството поднесе жалба против ослободителната пресуда.
Foto/ Depositphotos
Спорт
Неименуван клуб од Премиер лигата ќе плати 115 милиони евра за Бруно Гимараеш
Бразилскиот играч од средниот ред Бруно Гимареш (28), кој се приклучи на Њукасл пред две години, а за чии услуги се заинтересирани Барселона, ПСЖ и Арсенал, би можел да го напушти клубот уште во јануари. Според најновите информации од Англија, активирана е неговата откупна клаузула, но не е од споменатите клубови, туку од засега неименуван клуб од Премиер лигата.
Според тврдењата на англискиот извор „Indykail“, прашање на време с кога Бразилецот ќе замине од „Сент Џејмс Парк“.
„Договорот на Бруно Гимареш има откупна клаузула од околу 115 милиони евра. Неименуван клуб од Премиер лигата веќе испратил неколку рани барања во врска со Гимареш“, објави овој извор.
Иако името на заинтересираниот клуб не е откриено, се шпекулира дека тоа би можел да биде Челзи. Менаџерот на „сините“, Енцо Мареска, наводно побарал од управата да доведе врвен играч од средниот ред во јануарскиот преоден рок, а Гимареш совршено се вклопува во тој профил.
Бруно Гимареш ја започна својата кариера во бразилскиот Го Аудакс, по што се пресели во Атлетико Паранаенсе. Тој пристигна во Европа во 2020 година, кога Лион го донесе за 20 милиони евра.
Само две години подоцна, Њукасл му плати 42 милиони евра, а во меѓувреме, Бразилецот стана еден од клучните играчи на Њукасл и еден од најценетите играчи од средниот ред во Премиер лигата.
Foto/ depositphotos
Спорт
Пешиќ би можел да се врати во Баерн
Светислав Пешиќ би можел повторно да седне на клупата на Баерн Минхен.
Легендарниот српски тренер, до неодамна селектор на српската репрезентација, се споменува како прв кандидат да го води германскиот шампион до крајот на сезоната.
Баерн го отпушти Гордон Херберт по серијата лоши резултати, а грчките медиуми пишуваат дека доколку Баварците се одлучат за привремено решение, Пешиќ има најголеми шанси. Популарниот Кари го водеше Баерн во периодот од 2012 до 2016 година.
Познато е дека српскиот стручњак поголемиот дел од времето го поминува во Минхен и многу добро ја познава ситуацијата во и околу клубот. Генерален директор на Баерн е неговиот син Марко.
Доколку Баерн одлучи да бара долгорочен тренер, како еден од кандидатите се споменува Јоанис Сферопулос, поранешниот тренер на Црвена звезда.
Foto/ shutterstock

