Забава
Лекарите се зачудиле кога виделе што имал 10 години во мозокот
Маж од американскиот град Остин, во Тексас, имал многу силни главоболки поради што повраќал, а еднаш дури и се онесвестил од болки. Оваа состојба траела десет години, а сега лекарите, конечно, ја откриле причината – тенија што живеела во неговата глава.
Човекот, кој во медиумите го нарекуваат Џерард, најверојатно, се инфицирал со паразитот кога во Мексико јадел недопечено свинско месо.
„Болките беа многу интензивни, многу силни… се препотував од болка и повраќав“, рекол Џерард за „Си-би-ес 21“.
Кога направил прегледи, неврохирургот во Медицинскиот центар при Универзитетот „Дел Сетон“ во Тексас открил дека пациентот покрај мозочното стебло има промена долга четири сантиметри.
Најпрвин се посомневал дека е тумор, но анализите покажале дека не е тоа во прашање. Сфатил дека се работи за прилично голема тенија, која му ја отстраниле од мозокот.
Тенијата често ги напаѓа свињите, каде што ги полагаат јајцата. Ако месото не е доволно термички одработено, а ако човек изеде ларви, тие ќе се изведат во цревата. Ларвите може да се претворат во цисти или да патуваат низ целото тело. Понекогаш стигнуваат и до мозокот, но тоа се случува исклучително ретко.
Лекарите велат дека сега Џерард, најверојатно, целосно ќе закрепне, а можел и да умре.
Некои пациенти не се ни свесни дека организмот им е заразен со цисти, т.е. ларви опасни за животот, како што бил случајот со 18-годишен Индиец, чиј мозок бил преполн со цисти поради што умрел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Oткриено е зошто Ана де Армас ја прекинала врската со Том Круз: „Сè се одвиваше премногу брзо“
Холивудската актерка Ана де Армас и славниот Том Круз раскинале по девет месеци врска, пишува „Ју-ес викли“.
Извор близок до парот открил дека Ана се чувствувала „непријатно“ поради тоа колку брзо се одвивала нивната врска, иако меѓу нив, како што се наведува, „постоела неоспорна хемија“.
Двајцата глумци се запознале за време на снимањето на трилерот „Дипер“, а нивната блискост на сетот прераснала во романса. По прекинот, останале во пријателски односи и планираат да продолжат со заеднички проекти.
Забава
(Видео) „На брод сите знаат сè“ – работничка предупредува на љубовните драми на крузерите
Луси Саутертон, поранешна масерка од Бирмингем која од 19 години работела на крузери, споделува дека романтичните врски меѓу членови на екипажот ретко завршуваат добро. Таа објаснува дека на брод „нема бегство“ – сите живеат, работат и се дружат заедно, па љубовните врски брзо стануваат комплицирани.
„Кога врската ќе заврши, останувате заробени со бившиот. Го гледате секој ден, со сите заеднички колеги што знаат сè,“ раскажува Луси на својот YouTube канал Cruising As Crew.
Таа предупредува дека, иако животот на море изгледа гламурозно, љубовните драми на бродот можат брзо да се претворат во ноќна мора.
Забава
Реакции на социјалните мрежи по настапот на Цеца во Велес
Настапот на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ во Велес предизвика бројни реакции на социјалната мрежа „Икс“ , откако за време на концертот таа се завитка во бугарско знаме кое и’ го дадоа од публиката.
Корисници од Македонија споделуваат видеа и коментари од настанот. „Ја би ги исвиркал сите што отидоа на концерт на Цеца“, напиша еден корисник, додека друг иронично праша: „Дали Цеца ќе го истетовира МК знамето?“
Има и коментари кои сугерираат дека моментот бил резултат на провокација: „Бугарското знаме ѝ го подметнаа обични провокатори и добија што си бараа“ стои во еден од постовите, како и многу кои на комичен начин се осврнаа на настанот.
“Дали УДБА преку искористување на Цеца со бугарско знаме во Велес, се обидува да го
опструира приближувањето на официјални Софија и Скопје околу т.н. француски предлог?”Утринско ВасКафе ☕️😄 pic.twitter.com/Pn5kmq1Wcq
— Далибор 🇲🇰 (@Pobeda2024) November 1, 2025
Цеца за Hallowen се преправи во бугарка 👻
— elizabethand (@eliza_and_beth) November 1, 2025
Колку од тие што и свиреле на Цеца се со бугарски пасош? Зна ли се шта?
— Iv0P0p Sivi 🦅 (@IvoPop_) November 1, 2025
И цеца не влезе во устав.
— Робин Луд (@vladimirmk) November 1, 2025
Цеца се огласи коментирајќи дека не сакала да навреди никого, најмалку домаќините, како и дека таа секогаш прифаќа знамиња од публиката.

