Спорт
Сензационалната Кенин победи на Австралија опен
Софија Кенин го освои Австралија опен во женска конкуренција. Кенин во финалето за два часа и пет минути ја победи Гарбиње Мугуруса од Шпанија со 4/6, 6/2, 6/2. За 21 годишната Американка ова е прва грен-слем титула во кариерата. Мугурса остана на две грен-слем титули во кариерата (Ролан Гарос 2016 и Вимблдон 2017).
Американката и Шпанката одиграа одличен меч на арената „Род Лејвер“. Победата ја однесе тенисерката која помалку грешеше во клучните моменти и која подобро ги користеше брејк шансите.
Решавачкиот момент на мечот се случи во петтиот гем од третиот сет кога Мугуруса не успеа да реализира три врзани брејк топки.
Мугуруса поголемото искуство го искористи само во првиот сет, кога направи брејк во третиот гем. Предноста ја чуваше до осмиот гем кога Американката израмни на 4:4, меѓутоа веќе во наредниот Шпанката возврати со ри-брејк, а потоа го освои сетот.
Кога ја надмина тремата Кенин значително го подигна нивото на играта, играше брилијантно од основната линија и за 33 минути ја прегази Мугуруса во вториот сет и стигна до израмнување.
По слично сценарио се одвиваа настаните и во третиот сет се до опишаниот петти гем. Откако не направи брејк Муругуса потоа во својата игра, момент кој Кенин го искористи и со уште еден брејк стигна до најголемиот успех во кариерата.
Завршната статистика покажува дека Мугуруса направила осум дупли грешки, Кенин ниту една. Американката реализирала пет од шесте брејк топки, додека Шпанката реализирала само две од 12 топки за брејк.
Односот на винери и неизнудени грешки кај кени е 28/23, а кај Мугуруса 32/45.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Реал скапо ќе го плати отказот на Алонсо
Чаби Алонсо (44) повеќе не е тренер на Реал Мадрид, потврди „Кралскиот клуб“ на својата официјална веб-страница. Чаби и Реал го раскинаа договорот по меѓусебна согласност само еден ден откако Мадрид загуби со 3:2 од Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп. Нов тренер ќе биде Алваро Арбелоа (42).
Отказот на Чаби Алонсо скапо ќе го чини Реал. Шпанскиот тренер и поранешен играч на Реал имаше плата помеѓу осум и девет милиони евра по сезона.
Шпанскиот весник „Ел Дебете“, пишува дека Реал ќе мора да му плати 15 милиони евра отштета на Чаби Алонсо.
За потсетување, минатото лето Реал му плати 15 милиони евра на Баер Леверкузен за Алонсо да се пресели во Мадрид.
Алонсо го водеше тимот во 34 натпревари, во сите натпреварувања, оствари 24 победи, четири нерешени резултати и шест порази.
Реал остана на второто место на табелата во шпанското првенство со 45 освоени бода по 19 кола, четири помалку од лидерот Барселона. Во Лигата на шампионите се седми со 12 бода по шест кола, а во Купот се во осминафиналето, каде што во среда ги чека Албасете.
Токму против Албасете на клубата ќе дебитира новиот тренер.
Спорт
Симеоне: Им се извинувам на г-дин Перез и г-дин Винисиус
Полуфиналето на шпанскиот Суперкуп во кое Реал го победи Атлетико Мадрид (2:1) беше засенето од инцидентот меѓу Диего Симеоне и Винисиус Жуниор.
Вербалниот конфликт меѓу Диего Симеоне и Винисиус продолжи и по натпреварот, а медиумите шпекулираа дека Симеоне му рекол на играчот на Реал дека „Перез ќе го продаде“.
Тоа беше само најважниот момент, бидејќи Симеоне му дофрлал на Винисиус за време на натпреварот во обид да го испровоцира.
Бразилецот не му остана должен, реагираше бурно за време на натпреварот, но и по него, а Чаби Алонсо го пцуеше својот колега од клупата на Атлетико.
По натпреварот, тој рече дека никогаш нема да си дозволи да се однесува така кон играч на противничкиот тим.
Во понеделник пристигна извинувањето на долгогодишниот тренер на Атлетико.
„Сакам да им се извинам на г-дин Флорентино Перез и г-дин Винисиус за сè што можевте да видите на натпреварот од Суперкупот. Очигледно е дека она што го направив беше погрешно. Едноставно згрешив“, рече Симеоне.
Спорт
Реал го отпушти Чаби Алонсо, нов тренер е Алваро Арбелоа
Фудбалскиот клуб Реал Мадрид донесе одлука да го отпушти тренерот Чаби Алонсо.
По поразот во финалето на шпанскиот Суперкуп против Барселона (3:2), раководството на „кралскиот клуб“ одлучи дека е време да се раздели со стручњакот кој ова лето пристигна во клубот од Баер Леверкузен.
Во официјалното соопштение, кое беше издадено по овој повод, не ги наведоа причините за таквата одлука, иако е јасно дека одреден период никој не е задоволен од резултатите што ги постигнува Реал, а дека самиот Алонсо имал проблем со одредени играчи – пред сè со Винисиус.
„Чаби Алонсо секогаш ќе ја има наклонетоста и восхитот на сите навивачи на Реал Мадрид бидејќи е легенда на Реал Мадрид и отсекогаш ги претставувал вредностите на нашиот клуб. Реал Мадрид секогаш ќе биде негов дом. Нашиот клуб сака да им се заблагодари на Чаби Алонсо и на целиот негов технички тим за нивната работа и посветеност во овој период и им посакува многу среќа во оваа нова фаза од нивниот живот“, се вели во соопштението.
Алонсо, на клупата ќе го замени ист така поранешен играч на клубот, Алваро Арбелоа. Интересно, Арбелоа досега никогаш не водел самостојно сениорска екипа.
Досега, тој работеше во помладите селекции на Реал само неколку месеци во Б-тимот на Реал, каде што го замени Раул Гонзалез во мај.
Играше за Реал од 18-годишна возраст, потоа го носеше дресот на Депортиво и Ливерпул, а од 2009 до 2016 година повторно беше на „Бернабеу“.
Ја заврши кариерата во Вест Хем, а одигра 56 натпревари за шпанската репрезентација и беше светски шампион во 2010 година и европски шампион во 2008 и 2012 година.
Алонсо во својата кариера го водеше Б-тимот на Реал Сосиедад и Баер Леверкузен, пред да се приклучи на Реал. Претходно, тој беше споменуван како кандидат за клупата на Ливерпул, каде што помина дел од својата кариера.

