Спорт
Лилард повторно со над 50 поени, Портланд ги „растури“ Јута (видео)
Демијан Лилард покажа дека е во најдобрата форма во својот живот, откако ги предводеше Портланд трејлблејзерс до 124:107 победа над Јута со неверојатни 51 поени, 12 асистенции и неверојатни девет тројки, за петти пат оваа сезона да постигне над 50 поени.
Во последните шест натпревари, Лилард има просек од 48.8 поени и 10.2 асистенции, а на секој од тие шест натпревари постигнал најмалку шест тројки, што е рекорд во НБА лигата.
Со оваа победа, Портланд се доближува до место кое води во плејофот, бидејќи се деветти на Западот со 23-27 скор и натпревар и пол заостанување зад осмопласираниот Мемфис.
Damian Lillard (51 PTS, 9 3PM) scores 47+ for the 5th time in 6 games and becomes the 1st player in NBA history to make 6+ threes in 6 straight games. pic.twitter.com/9JmLekPjnd
— NBA (@NBA) February 2, 2020
НБА РЕЗУЛТАТИ
Индијана – Њујорк 85:92
Орландо – Мајами 89:102
Кливленд – Голден стејт 112:131
Вашингтон – Бруклин 113:107
Бостон – Филаделфија 116:95
Далас – Атланта 123:100
Сакраменто – ЛА лејкерс 113:129
Портланд – Јута 124:107
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Рубен Аморим: Беше забавно, но мораше да победиме
Спектакуларен натпревар, во 16-то коло во Премиер лигата, одиграа Манчестер Јунајтед и Борнмут. Пресметката на „Олд Трафорд“ заврши без победник 4:4.
Манчестер Јунајтед во првиот дел водеа со 1:0 и 2:1, во втроиот Борнмут направија пресврт за 2:3, на десет минути до крајот Јунајтед возврати со два гола за 4:3, на крајот Крупи во 84-та минута ги постави конечните 4:4.
Рубен Аморим, стратегот на Јунајтед, не беше премногу задоволен од резултатот, бидејќи неговиот тим водеше три пати.
„Беше забавно за сите што го гледаа овој натпревар. Почнавме одлично, а потоа имавме влеговме во „црна дупка“ на почетокот на второто полувреме. Се вративме, водевме со 4:3, а потоа мораше мирно да го завршиме натпреварот. Не успеавме и тоа е малку фрустрирачки“, рече португалскиот стручњак.
Јунајтед сега го очекуваат нови проблеми, бидејќи Мбеумо, Мазрауи и Дијало ќе играат на Африканскиот куп на нации.
„Забавно е кога си менаџер. Мора да најдеш решенија со играчите што ги имаш. Така е. Без кукање, ова е можност да ги збиеме редовите и да бидеме уште подобри“, истакна Аморим.
Foto/ depositphotos
Спорт
Флорентино Перез: Главниот проблем на Реал е судењето
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, повторно се пожали на судењето и се осврна на „аферата Негреира“, која фрла сенка врз шпанскиот фудбал: „Клубовите би можеле да испаднат од лигата“.
Реал Мадрид славеше со многу тешкотии, во неделата кај Алавес и остана на четири бода зад лидерот Барселона.
Флорентино Перез, претседателот на Реал Мадрид, учествуваше еден ден подоцна на традиционалниот божиќен ручек организиран од клубот со претставници на медиумите и во својот говор, меѓу другото, се осврна на „аферата Негреира“.
„Ова е најсериозниот случај во денешниот фудбал“, рече Перез.
„Знаеме дека повеќе од осум милиони евра се платени за технички мислења во врска со судиите. Ќе ве потсетам дека истражниот судија во овој случај го нарече системска корупција. А Барселона призна дека овие плаќања се извршени од практични причини. Уште поневеројатно е што тренерите воопшто не ги добиле овие мислења. Кој може да поверува дека ваквите мислења, за кои тренерите дури и не знаеле дека постојат, се платени со пари? Ова јасно укажува на потребата од радикални промени.“
Претседателот на Реал продолжи:
„Како е можно првиот човек на судиската организација едноставно да нè повика да продолжиме? Можно е некои клубови дури и да испаднат од лигата поради аферата Негреира. Како можеме да го заборавиме најголемиот скандал во историјата на фудбалот? Главниот проблем на Реал Мадрид е судењето. Како што знаете, најтешката ситуација што се развиваше речиси две децении, како резултат на „аферата Негреира“, бара правдата да се задоволи. Сосема е несфатливо што раководството на лигата го остави Реал Мадрид сам во оваа борба.“
Перез не се двоумеше да се осврне на неодамнешните контроверзии на гостувањето на Реал Мадрид на стадионот „Мендизороса“, особено на пеналот што не беше досуден на натпреварот против Алавес, по прекршок врз Винисиус.
„Имавме судија таму (Гонзало Пуерта во ВАР собата) кој се закани дека ќе преземе мерки против нашиот клуб пред финалето на Купот на Кралот. Се чини дека прекршоците врз Родриго и Винисиус не се казни.“
Foto/ depositphotos
Спорт
ВТА ја прогласи Сабаленка за тенисерка на годината
Белоруската тенисерка Арина Сабаленка (27) е прогласена за играч на годината на ВТА, откако цела 2025 година ја помина на врвот на ранг-листата, објави водечката женска тениска организација.
Тенисерката број еден во светот е прогласена за најдобра втора година по ред, со што стана трета тенисерка во последните 15 години што ја освоила наградата повеќе од еднаш. Таа славеше со речиси 80% од гласовите на меѓународните тениски новинари.
Во текот на оваа година, Белорусинката освои четири турнири, вклучувајќи го и Отвореното првенство на САД, играше во девет финални мечеви, оствари 63 победи и постави нов рекорд во наградниот фонд во една сезона, заработи 15 милиони долари.
Сезоната заврши со 63 победи и 12 порази.
Чехинката Катерина Сињакова и Американката Тејлор Таунсенд беа прогласени за најдобар пар откако го освоија Отвореното првенство на Австралија и стигнаа до финалето на Отвореното првенство на САД. Тенисерката која најмногу напредуваше е Американката Аманда Анисимова.
Американката стигна до пет финалиња, освојувајќи ги првите ВТА 1000 титули во кариерата во Доха и Пекинг, а стигна и до своите први финалиња на Гренд слем турнирите на Вимблдон и на Отвореното првенство на САД.
Foto/ depositphotos

