Економија
Голем пад на светските берзи поради коронавирусот
На светските берзи цените на акциите минатата недела остро паднаа бидејќи вложувачите стравуваат од негативни последици на кинеската, но и светската економија, поради коронавирусот.
На „Вол Стрит“ „Доу Џонс“ минатата недела потоnа 2,5 отсо, на 28.256 бодови, додека S&P 500 се лизна 2,1 процент, на 3.225 бодови, а „Насдак индексот“ 1,8 проценти, на 9.150 бодови.
Најголемиот неделен пад на тие индекси е последица на ширењето на коронавирусот во и надвор од Кина. Од вирусот досега во Кина починаа повеќе од 300 луѓе, а заразени се над 14.000.
Кина презеде низа мерки за спречување на ширењето на вирусот, од карантини во неколку градови до забрана на јавни собири, но вложувачите се загрижени додека се проценува колкаво би можело да биде негативото влијание врз економијата.
Авионските компании ги откажуваат летовите за и надвор од Кина, а многу компании привремено ги откажаа бизнисите во Кина.
Аналитичарите сметаат дека ширењето на кронавирусот, како некогаш САРС-от, најмногу ги погодува туризмот и довербата на потрошувачите, па се очекува и пад на потрошувачката и приходите на многу компании во Кина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

