Македонија
(Видео) Јанушев: Заев вмешан и во меѓународен криминал
Нема ден, а Заев да не се поврзе во нов скандал за криминал и корупција. Корупцијата на Заев се почесто ги надминува границите на Република Македонија, соопшти генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
„Како што објавија медиумите од соседството, Зоран Заев имал тајни средби со контроверзен бизнисмен од Либија за јавно приватно партнерство во областа на здравството, со што милиони евра народни пари би биле ставени во функција на сомнителен бизнис. Самиот факт што средбата била тајна, доволно говори дека требало да се договори нешто во интерес на Заев. Така беше и за необјавената средба со Биг Мајк по која следеше скандалозниот предлог закон за опојни дроги, така е и со оваа средба со либискиот бизнисмен Шаукар Али Гафур.
Да биде скандалот уште поголем, како што наведуваат медиумите, зад оваа бизнис врска со Заев стои и поранешниот премиер на Малта, Јозеф Мускат, кој замина од власт поради контроверзиите со убиството на новинарка на Малта. Овој бизнисмен е познат по своите оф-шор компании и ист ваков неуспешен обид за јавно приватно партнерство имал и во Малта, за што постојат сомнежи за корупциски договори и перење пари поврзани со истиот овој либиски бизнисмен со неговите сомнителни инвестиции.
Дали Заев на тајната средба во 2018 година договарал сличен аранжман на Гафур и во македонското здравство?
Дали е сега јасно за каков вид на модел на јавно приватно партнерство инсистираат Заев и Филипче? Заев треба да одговори колку тајни средби имал со контроверзниот бизнисмен и што требало со јавното приватно партнерство да му се овозможи?
Очигледно, дека со Заев на власт Македонија се претвора само во „Ел Дорадо“ на сомнителни бизниси и преку јавно приватно партнерство се испумпуваат милиони евра од буџетот. Какви биле условите и колку милиони евра требало да добие контроверзниот либиски бизнисмен од Зоран Заев?
Водени од искуството, логично прашуваме: Кој е уделот на Заев или поточно на фирмите на Заеви во еден ваков вносен бизнис?
Дали Зоран Заев бил на прав пат да направи јавно приватно партнерство по принципот на „Глобал“, каде потсетуваме беше аболициран за штета од 8 милиони евра? Уште за колку сомнителни договори на Заев ќе дознава јавноста?
Додека здравството тоне, а пациентите се незадоволни Зоран Заев договарал бизнис зделки со сомнителни бизнисмени за коишто веќе постојат истраги во земји од Европската унија“ рече Јанушев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.
Македонија
(Видео) Кузеска: Кој е Душан Адамовиќ и зошто е избран за почесен Конзул на Македонија?
„Пред околу еден месец, српското МНР соопшти дека му ја предале егзекватурата на почесниот конзул на Република Северна Македонија во Република Србија: Душан Адамовиќ. Седиштето на Конзулатот на Република Северна Македонија е во Панчево. Кој е Душан Адамовиќ и зошто токму тој е избран за почесен конзул?“, кажа денеска на прес-конференција, Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.
„На платформата X може да се најдат стари објави на Адамовиќ кој вели дека, цитирам „Српска Македонија“ била окупирана. Ова е скандал сам по себе, но одиме понатаму. Адамовиќ е висок функционер на СНС сестринската партија на ВМРО-ОКГ, и близок со Александар Вучиќ. Бил член на Извршниот одбор на СНС, кородинатор за Срем и координатор за Јужен Банат. Во медиумите во Србија има скандалозни информации за бројни афери кои се поврзуваат со него. Во 2019 години поранешниот министер за внатрешни работи на Србија, Зоран Живковиќ јавно ќе објави дека Душан Адамовиќ е дел од група која се занимавала со трговија со оружје. Вести.рс пренесува дека во 2008 г. на само 24 години бил застрелан во нога затоа што должел пари. Преживеал напад со бомба во 2006 година. Бил уапсен и за други кривични дела. Бројни афери со криминални позадини се поврзуваат. Сега прашањето е како покрај толку угледни бизнисмени, личност со вакво криминално минато, со која се поврзуваат бројни афери во Србија е избран за конзул? Го провериле ли македонските безбедносни служби или Мицкоски лично лобирал за него? Овој скандал отвора сериозен сомнеж. Го повикуваме премиерот Мицкоски да излезе и да одговори: Како од толку угледни бизнисмени во Србија владата го избрала Адамовиќ за почесен конзул на Македонија? Каква е врската на Адамовиќ со Мицкоски?“, истакна Кузеска.
ВМРО-ДПМНЕ испрати реакција на прес-конференцијата.
„Предлогот за конзул на Душан Адамовиќ доаѓа од амбасадорот на Македонија во Белград именуван уште од времето на владата на СДС и ДУИ. Партијата на Башановиќ, СДС треба да разбере дека функцонира во Македонија и е опозиција во Македонија. Не сакаме да се вмрежуваме во дневно политичките настани во соседна Србија иако желбата на СДС е огромна за тоа. Споменатото лице ги исполнува сите критериуми потребни за негово поставување за конзул“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

