Македонија
Демократски сојуз: Борбата со мафијата која раководи со бизнисот со отпад е тешка и неизвесна
Загадувањето во Македонија е непријател број еден на граѓаните, а со што загрозена е и националната безбедност. Со загадувањето на воздухот, почвата и водите се врши своевиден геноцид и оттаму потребата во борбата против мафијата која раководи со отпадот, да се вклучат и Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност, МВР, Министерството за екологија, Царинската управа, како и другите институции, порача Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз на трибина на тема “Мафијата и загадувањето”.
„Покрај домашниот отпад, во Македонија се увезува отпад како енергенс, отпад како суровина и нафтени деривати (мазут, масло итн.) кои не ги исполнуваат пропишаните стандарди. Државните институции “не треба да ги контролираат само декларациите туку товарот” што се внесува во Македонија. Оваа борба ќе биде тешка и долготрајна, бидејќи е борба против мафијата во Европа која од трговијата со отпад остварува огромни приходи“ рече Трајанов.
Околу ставовите дека во Македонија е забранет увоз на опасен отпад, Трајанов рече дека забренето е да се внесува дрога и оружје, но дрога има во изобилие, како и оружје кое нелегално се поседува.
Тој истакна дека Демократскиот сојуз заедно со невладиниот сектор и медиумите ќе работи на подигање на свеста на граѓаните, но и ќе инсистира на соодветна реакција и одговорност на носителите на високи позиции во инстуциите во борбата против загадувањето.
Невена Георгиевска од граѓанската Иницијативата О2 зборуваше за активностите на Зелениот фронт кој обединува неколку невладини организации во битката за здрава животна средина. Таа рече дека граѓанскиот сектор успеал да ја разбуди економската свест кај граѓаните и да влијае кај институциите за поголемо ангажирање за алармантните проблеми со загадувањето.
Георгиевска нагласи дека очекува законот за забрана на увоз на отпад за горење да се донесе во Собранието, но реце дека клучен проблем е институционалната негрижа, непостапувањето на надлежните органи и др.
Генералниот секретар на ДС, Зоран Димитровски, истакна дека загадувањето на воздухот, водата и почвата е последица, а клучниот проблем е неуспехот на надлежните институции во борбата против организираниот криминал и затајувањето на правната држава.
Неспособноста, немањето политичка волја, односно политичкото загадување и криминалната и корупциска контаминација на институциите е причината што загадувањето со опасен отпад е толку сериозен проблем.
На трибината граѓаните поставуваа прашања и искажаа огромна загриженост од загадувањето, барајќи ефикасна акција, а не замајување на јавноста со лажни податоци и политички флоскули.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

