Европа
(Видео) Избодени неколку лица на улица во Лондон, полицијата се сомнева за тероризам

Најмалку три лица се избодени со нож во напад кој се случи денеска во јужниот дел на Лондон. Полицијата засега го третира инцидентот како тероризам, а напаѓачот е ликвидиран, објави Би-би-си.
3 people stabbed, they’re on the floor, not sure if dead or alive, and the responsible had a knife. Fires were shot from the police.#streatham #news pic.twitter.com/sx7HxSDDMc
— Gabriel Vigo (@gabzvigo) February 2, 2020
„Напаѓачот е ликвидиран, а во оваа фаза можеме да кажеме дека неколку лица се избодени. Ги истражуваме околностите, а инцидентот е поврзан со тероризам“, се наведува во соопштението на полицијата.
Според непотврдени информации, напаѓачот имал некаков предмет врзан за градите.
#BREAKING: London police shoot man dead in the area of Streatham following possible stabbing attack. Witnesses say the suspect may have had something strapped to his chest. pic.twitter.com/Dw2V1YMp2C
— UA News (@UrgentAlertNews) February 2, 2020
Нападот следува два месеца откако полицијата застрела џихадистички терорист кој на Лондонскиот мост избоде две лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Идниот германски канцелар за падот на берзите: Драматично е, а може да биде и полошо

Фридрих Мерц, шефот на германската ЦДУ, кој се очекува да ја преземе функцијата германски канцелар, предупреди дека ситуацијата на светските пазари на акции и обврзници може дополнително да се влоши.
„Пазарите се во драматична состојба, што се заканува со понатамошна дестабилизација“, рече Мерц во изјава за „Ројтерс“.
Тој нагласи дека сега „е поважно од кога било Германија што побргу да ја врати меѓународната конкурентност“, а ова прашање треба да биде во центарот на коалициските преговори на неговата конзервативна опција со социјалдемократите.
Мерц се залага за пониски даноци, намалување на бирократијата и пониски цени на енергијата.
Утрово продолжи насилниот пад на светските берзи. Кон средината на минатата недела американскиот претседател Доналд Трамп ги потресе објавувајќи повисоки царини на увозот од очекуваното.
Додека Кина возврати со контрамерки, инвеститорите стравуваат од ескалација на царинската војна, нарушувања во меѓународната трговија, зголемување на инфлацијата и забавување на растот на најголемите економии, па дури и рецесија.
Поради тоа, цените на акциите утринава остро паднаа на азиските берзи, но и на европските.
Европа
Тинејџер избоден до смрт во Лондон, уапсени двајца 16-годишници

Двајца тинејџери се уапсени кога 17-годишник беше избоден до смрт во саботата во западен Лондон.
Полицијата била повикана околу 13.10 часот по пријава за напад со нож на улицата Ерконвалд во Шепердс Буш. На местото на настанот биле пронајдени две млади момчиња со убодни рани.
Еден од нив, 17-годишниот Кеирон Чарлс, починал на самото место, потврди лондонската полиција.
Уште едно 16-годишно момче е пренесено во болница со повреди што не се опасни за животот. По лекувањето, тој бил отпуштен и уапсен поради сомнение за убиство. Тој моментно е во притвор.
Третиот осомничен, исто така 16-годишен, го напуштил местото на настанот, но бил уапсен вчера рано наутро и исто така е во притвор, соопшти лондонската полиција. Истрагата за убиството е во тек.
Европа
Шефот на НАТО за мировниот договор: Топката е јасно на теренот на Русија

Русија веројатно нема да може да им диктира услови на САД за прекин на огнот во војната во Украина, но руското раководство навистина треба да стори повеќе за „да стави крај на оваа војна“, рече генералниот секретар на НАТО Марк Руте во интервју за „Си-би-ес Њуз“.
Според него, по неодамнешните преговори во Вашингтон, на кои учествуваше пратеникот на Кремљ, Дмитриев, „топката очигледно е на теренот на Русија“.
„Тие не се движат доволно брзо. Мојот впечаток, вклучително и впечатокот што го добивам од моите американски соговорници, е дека Русија навистина треба да направи повеќе за да стави крај на оваа војна“, рече Руте.
Во исто време, тој истакна дека поради американскиот претседател Доналд Трамп „се преселивме од мртва точка“ во однос на војната во Украина.
„И јас сум му благодарен за тоа. Морам да кажам дека сојузниците овде, во последните неколку дена на средби со министрите за надворешни работи, целосно ги поддржуваат напорите на САД да ја доведат оваа војна до праведен и траен крај“, нагласи генералниот секретар на НАТО.
Сепак, Руте не е сигурен дека рускиот претседател Владимир Путин сериозно размислува да стави крај на неговата голема воена агресија против Украина. „Мислам дека ова сега е тест“, заклучи Руте.