Спорт
Трета генерација Милан – Даниел Малдини дебитираше за првиот тим
Дека нема италијанско презиме со посилна врска со Милан од тоа на Малдини одамна е јасно, а денеска и официјално третата генерација на фудбалери од ова семејство играше за „росонерите“.
18-годишниот Даниел Малдини доби шанса од тренерот Стефано Пиоли при 1:1 разочарувачкото реми за Милан со Верона на „Сан Сиро“, за да ги следи стапките на својот дедо Чезаре и својот татко Паоло, две легенди на клубот. Тој немаше шанси да покаже многу, бидејќи влезе симболично во 93. минута од мечот, 35 години по неговиот татко и 66 години по неговиот дедо.
„Моето деби беше сон, штета за резултатот. Можевме многу повеќе, но за мене имаше многу емоции во овој момент. Се надевам на победа во следниот меч“, изјави младиот Малдини.
Чезаре, кој почина пред четири години, освои четири титули и една европска круна во 12 сезони во тимот, пред двапати да им биде тренер. Паоло пак, играше рекордни 647 натпревари во Серија А, освои седум скудета и пет европски титули, пред минатата година да се врати во тимот како директор.
Paolo Maldini’s son Daniel has made his Serie A debut today to make it 3 different generations of Maldini at AC Milan ?
Red & black through and through ?⚫
— 433 (@433) February 2, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Вуд ќе остане во Нотингем до 2027
Нотингем Форест го продолжи договорот со Новозеланѓанецот Крис Вуд до 2027 година.
Вуд оваа сезона игра во животна форма. Откако му се приклучи на тимот во 2023 година, тој успеа да постигне 29 гола на 58 натпревари, а само оваа сезона беше прецизен 13 пати.
„Шумарите“ имаат одлична сезона во Премиер лигата, во моментов го делат второто место со Арсенал.
Покрај за Нотингем, Вуд настапуваше и за Њукасл, од каде пристигна во сегашниот тим, а пред тоа настапуваше за ВБА, Брајтон, Барнсли, Бирмингем, како и за многу други клубови.
Спорт
(Видео) Ајакс поразен во Летонија, историски триумф за РФС
Фудбалерите на РФС од Летонија ја постигнаа својата историска прва победа во групната фаза од едно европско натпреварување. Летонците го победија славниот Ајакс со 1:0 (0:0).
Се подразбира дека тимот од Амстердам беше апсолутен фаворит, но се посрамоти во Рига.
Херој на РФС беше Финецот Адам Маркиев, кој во 78. минута практично ја искористи единствената шанса на домашните и ја претвори во голема победа.
РФС сега има пет бода, но иако нема шанси да напредува, слави огромен успех и испишува историја на летонскиот фудбал.
Ајакс е на 16. позиција и оди во последното коло со 10 освоени бодови.
Спорт
Тотенхем шест недели без Соланке
Тренерот на Тотенхем, Ангелос Постекоглу, по победата на неговиот тим кај Хофенхајм (3.2) во Лига Европа, објави колкава пауза го чека првиот напаѓач Доминик Солеанке.
Поради повредата што ја заработи на натпреварот против Арсенал, Соланке ќе отсуствува шест недели. Во дербито на северен Лондон, Соланке го повреди коленото.
Соланке летово им се приклучи на Спарс од Бурнмут, постигна седум гола во Премиер лигата, а додаде и три асистенции на 18 настапи. Постекоглу нема да може да смета на него во важен период, а неговото враќање се очекува на почетокот на март.
Тотенхем има огромни проблеми со повреди. Надвор од тимот се Бисума, Џонсон, Одобер, Регуилон, Ромеро, Сар, Удоги, Ван де Вен, Викарио и Вернер.