Регион
БиХ протера 17 Камерунци кои се обиделе илегално да влезат во ЕУ
Босанската Службата за работа со странци изрекла мерки на протерување и ставила 17 државјани на Камерун под надзор во Центарот за имиграција.
По легалното влегување, тие со помош на шверцери се обиделе илегално да ја напуштат БиХ за да одат во земјите на ЕУ и на Службата ѝ беа предадени од Граничната полиција на БиХ.
Покрај мерките за протерување, изрешени им се и мерки на забрана да влезат во БиХ во период од една година. Службата го утврдила идентитетот на граѓаните на Камерун и презема натамошни активности и дејства за да ги врати во нивната земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Телото на последната жртва од поплавите пронајдено во Јабланица, уште едно лице се бара во Коњиќ
Спасувачките екипи во соработка со полицијата и другите надлежни служби го пронашле телото на последниот загинат во поплавите во Доња Јабланица, потврдија за порталот „Аваз“ од полицијата.
Телото е пронајдено во близина на браната на ХЕ Грабовица, со што вкупниот број на жртви од оваа катастрофа во Јабланица се искачи на 19, додека во Коњиќ досега се потврдени четири смртни случаи. Потрагата по уште едно исчезнато лице од Коњиќ се уште трае, јавува „Аваз“.
Поради големи поплави и одрони, сообраќајот на автопатот Коњиќ – Јабланица – Комадиново Врело беше во прекин претходните седум дена. Одроните предизвикаа голема штета, одземајќи делови од коловозот и железничките пруги, но интервентната санација овозможи да минат спасувачките екипи и итните служби.
Регион
За само еден ден 11 земјотреси го погодија Врање
Од вчера до денес Врање го погодиле дури 11 земјотреси, од кои најсилниот бил со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала, покажуваат податоците на веб-страницата на Републичкиот сеизмолошки завод.
Најсилниот земјотрес се случи кај Врање во селото Корбевац со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала.
Првиот земјотрес е забележан во неделата (13 октомври) во 04:28 часот, а епицентарот бил во селата околу Врањска Бања.
Додека последниот земјотрес беше регистриран рано утринава околу шест часот по локално време, магнитудата беше 2,3 степени според Рихтеровата скала.
Регион
Објавени сликите на 18 трагично загинати во поплавите во Јабланица, БиХ
Бројот на загинатите во поплавите и свлечиштата во Босна и Херцеговина се искачи на 25.
Четворица загинати во Коњиќ, тројца во Фојница, а убедливо најмногу – 18 во Долна Јабланица. Ова не е конечната бројка на загинати бидејќи се уште е активна потрагата по две исчезнати лица, еден од Коњиќ, еден од Јабланица.
Колективниот погреб за настраданите од поплавите на подрачјето на Долна Јабланица ќе се одржи во вторник на 15 октомври во 14 часот, пренесуваат босанските медиуми.