Свет
Техеран веќе не споделува докази од несреќата на авионот со Украина

Експертите од иранската комисија, кои го испитуваат соборувањето на украинскиот авион на 8 јануари, ја напуштија Украина на 24 јануари, пренесуваат локалните медиуми.
„Техничкиот тим за истрага на несреќата на украинскиот авион во чуден потег објави таен аудиофајл од комуникациите меѓу пилотот на авионот што летал во исто време со украинскиот авион. Овој потег на Украинците нè принуди да не споделуваме повеќе докази со нив“, рече Хасан Разаифар, директор задолжен за истраги за несреќи во иранската Организација за цивилно воздухопловство, цитиран од новинската агенција „Мехр“.
Разаи рече дека дејствата на Украина може да влијаат на идната соработка помеѓу Киев и Техеран. Изјавата доаѓа кога аудио од истрагата за несреќата на украинскиот авион наводно било објавено во украинските медиуми. Аудиофајлот бил дел од доказите што им биле дадени на украинските експерти и е дел од истрагата на заедничкиот истражен тим за несреќата.
Во меѓувреме, украинскиот претседател, Владимир Зеленски, изрази загриженост дека Иран можеби ќе одбие да ги предаде црните кутии од урнатиот украински патнички авион. Сепак, тој спомена дека Иран ги поканил украинските експерти да учествуваат во дешифрирањето на црните кутии. Зеленски додаде дека иранскиот претседател, Хасан Рухани, го уверил дека Украина ќе има пристап до сите докази и ќе може да ги земе црните кутии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Јапонија постави втор температурен рекорд за само една недела

Јапонија постави нов температурен рекорд по втор пат за една недела, среде жестокиот топлотен бран што го погоди поголемиот дел од земјата. Температурите во градот Исесаки во префектурата Гунма, северозападно од Токио, се искачија на 41,8°C во вторник, според Јапонската метеоролошка агенција.
Тоа го надмина претходниот максимум од 41,2°C забележан на 30 јули во префектурата Хјого во западна Јапонија, кој го надмина претходниот рекорд поставен првпат во 2018 година.
Климатските промени се клучен фактор за зголемувањето на температурите, што пак оптоварува сè, од електричните мрежи до здравствените системи, бидејќи луѓето имаат потреба од повеќе ладење и се поподложни на болести поврзани со топлината.
Јапонија издаде повеќе предупредувања за топлина оваа година и воведе построги правила за работодавците за да се осигура дека работниците се заштитени. Просечната температура во Јапонија минатиот месец беше највисока досега.
Неколку области, исто така, забележаа многу малку дожд, а регионите Тохоку и Хокурику ги забележаа најниските јулски врнежи од дожд откако започнаа евиденциите во 1946 година, објави „Блумберг“.
Свет
Јапонија ќе гради високоавтоматизирани воени бродови за Австралија

Јапонија денеска потпиша договор вреден 10 милијарди австралиски долари за изградба на воени бродови од следната генерација за Австралија, што претставува најзначајна продажба на јапонска одбранбена технологија од укинувањето на забраната за извоз на воена опрема во 2014 година – чекор што го оддалечува Токио од поствоениот пацифизам.
Според договорот, компанијата Mitsubishi Heavy Industries од 2029 година ќе ѝ испорачува на Кралската австралиска морнарица надградени повеќенаменски фрегати од класата Mogami.
Овие високоавтоматизирани воени бродови, дизајнирани за лов на подморници, напад на бродови и противвоздушна одбрана, ќе може да се управуваат со само 90 морнари – помалку од половина од екипажот потребен за сегашните бродови.
Австралија планира да ги распореди новите бродови за одбрана на клучните поморски трговски рути и северните морски подрачја кон Индискиот и Тихиот Океан, каде што Кина сè повеќе ги зголемува својата присутност и активностите.
Регион
(Видео) Српски министер доживеа мозочен удар во емисија во живо

На српскиот министер за јавни инвестиции Дарко Глишиќ утрово му се слоши за време на гостувањето во утринската програма на телевизијата „Пинк“. Емисијата беше нагло прекината, а неофицијално се знае дека станува збор за тежок мозочен удар.
Глишиќ беше гостин во утринската програма на телевизијата „Пинк“, но одеднаш почна да пелтечи и не можеше да изговори ниеден цел збор. Водителите го прашаа неколкупати дали се чувствува добро, но тој не можеше да одговори, па програмата беше прекината.
UDARNO: Hitno prekinut program na Pinku! Glišić se šlogirao u sred emisije?!
Ministru za javna ulaganja Darku Glišiću naglo je pozlilo uživo u jutarnjem programu na Pinku. pic.twitter.com/otIuN977tP
— Mario ZNA (@MarioBojic) August 5, 2025
Министерот за здравство Златибор Лончар изјави дека состојбата на Глишиќ е сериозна и дека тој бил донесен во Ургентниот центар во несвесна состојба.
Глишиќ беше итно префрлен во болница, каде што набргу пристигна српскиот претседател Александар Вучиќ. Глишиќ се смета за еден од неговите најблиски соработници.
Дарко Глишиќ е министер во владата на Србија од мај 2024 година. Тој е член на Српската напредна партија од нејзиното основање, а од 2016 година е претседател на Извршниот одбор на СНС.
Српскиот претседател Александар Вучиќ објави заедничка фотографија на својот инстаграм-профил со министерот и напиша: „Даре, држи се! Нема предавање“.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин