Црна хроника
Притвор за британски државјанин кој во Битола препродавал марихуана

Битолското Основно јавно обвинителство донесе наредба за истражна постапка против едно лице, државјанин на Велика Британија по потекло од Битола, за кого постои сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Осомничениот 33-годишник имал привремен престој во битолски хостел и на 30 јануари неовластено набавил 24,68 грама марихуана. Дел од дрогата за износ од 500 денари тој му ја продал на едно лице, а остатокот бил пронајден при претресот во неговата соба.
Судот во Битола го прифатил предлогoт на Обвинителството и изрекол притвор за осомничениот во траење до 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.