Свет
Италијански десничар: Со фашистички поздрав може да се избегне коронавирусот
Користењето на фашистичкиот поздрав наместо ракувањето е најдобар начин за превенција од ширење на коронавирусот, порача Игнацио Ла Руса, потпретседател на италијанскиот Сенат и член на крајната десна партија „Браќа на Италија“.
Ла Руса, поранешен министер за одбрана и моментално претседател на Сенатот, подоцна рекол дека сакал да биде саркастичен.

„Не се ракувајте со никого, заразата е смртоносна. Користете римски поздрав, тоа е антивирусно о антимикробно“ напишал Ла Руса на Твитер.
Иако објавата многу брзо била отстранета, многумина ја забележале.
Alfonso ha messo sui miei social un post ironico ma forse sul virus l ironia potrebbe suonare fuori luogo e gli ho detto di toglierlo
— Ignazio La Russa (@Ignazio_LaRussa) February 3, 2020
„Лицето задолжено за мојата социјална мрежа објави саркастичен твит на мојата социјална мрежа, но можеби сарказмот за вирусот е несоодветен па му реков да го тргне“ објасни Ла Руса.
Неговиот натпис наиде на критики во јавноста и меѓу полтичарите во Италија. За некои е крајно несериозно тоа што Ла Руса го користи коронавирусот за да се пошегув со неговиот предлог за Римски поздрав, честитка што ја користат фашистите и нацистите, забранети со законот на државата што произлегува од антифашистичкиот устав.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Новата арктичка мисија на НАТО е многу значајна
Отфрлајќи ги критиките дека новата арктичка мисија на НАТО е само ребрендирање на постојните активности, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека тоа е „многу значајна“ иницијатива.
НАТО предложи нова операција „Арктички стражар“ завчера, која би ги консолидирала заедничките вежби во областа под команда на алијансата.
Сепак, дипломатите и експертите веруваат дека ова е главно комуникациски потег насочен кон смирување на Доналд Трамп, како и одговор на заканата што ја оценуваат како во голема мера претерана.
Руте објасни дека мисијата ќе има „чекор-по-чекор пристап“ и ќе започне со обединување на „постојните вежби и активности“ на алијансата во регионот под една команда за да се утврди „што друго ни треба“.
Врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандиер, исто така ќе биде замолен да испита како „најновите иновативни технологии“ можат да се користат на Арктикот.
фото/Depositphotos
Свет
Макрон: Русија е значително ослабена од конфликтот
Францускиот претседател, Емануел Макрон, тврди дека Русија всушност е значително ослабена од конфликтот.
Според него, Русија влегла во рецесија, станала целосно зависна од Кина, има демографски проблем и се соочува со воен неуспех.
Макрон нагласи дека Европејците сега станаа „единствениот извор на воено финансирање“ за Киев, алудирајќи на Соединетите Американски Држави, кои побараа од Европа да ги засили своите напори.
Тој верува дека не може да се постигне мировен договор меѓу Украина и Русија без учество на Европејците.
„Ние ќе бидеме дел од решението и треба да бидеме дел од решението“, рече Макрон. Тој додаде дека токму тоа е причината зошто неговата канцеларија неодамна воспостави контакт со Москва.
foto/Depositphotos
Свет
Тројца скијачи загинаа во лавина на француските Алпи
Тројца скијачи загинаа откако беа однесени од лавина во луксузниот француски алпски скијачки центар Вал д’Изер, изјави за новинарите Седрик Боневие, задолжен за патеките на одморалиштето.
Боневие рече дека една жртва е француски државјанин, додека другите се странци.
Тој додаде дека инцидентот се истражува.
Медиумските извештаи велат дека инцидентот се случил надвор од пистата.
Се чини дека една од жртвите била зафатена од лавина високо на планинската падина, додека другите двајца биле во група од пет скијачи, вклучувајќи и професионален водич, пониско од планината каде што не можеле да ја видат катастрофата што се приближува.
Не е познато што ја предизвикало лавината, рече Боневие.
Метео Франс, националната метеоролошка служба, во четвртокот го стави подрачјето под црвена тревога поради ризик од лавини.
фото/Depositphotos

