Македонија
Шкријељ и Филипче: Решени 8.500 предмети за помош и нега од друго лице
Комисиите за помош и нега од друго лице работат непречено, решени се 8.500 предмети. Новите комисии формирани во рамките на јавните установи за здравствена заштита функционираат непречено, соопштија дополнителната заменик-министерка и министерот за здравство.
Како што информираат тие, МТСП со новиот Закон за социјалната заштита ја укина комисијата што одлучуваше во прв степен за правото за помош и нега од друго лице.
„Таа беше нефункционална и времето на решавање на предметите беше 3-4 месеци. За да се скрати времето на решавање и да се подобрат квалитетот и стручноста во решавањето на предметите, со новиот Закон за социјалната заштита потребата за помош и нега од друго лице ја утврдуваат стручни комисии формирани во јавни здравствени установи.
Формирани се 15 комисии, од кои 5 во Скопје, во состав од тројца доктори специјалисти или супспецијалисти од следните области: интерна медицина, неврологија, психијатрија, физикална медицина и рехабилитација, ортопедија или офталмологија.
Комисиите ги решија предметите во рокот што им беше даден за постапување – 1 февруари.
Приоритет на Владата е интересот на граѓаните и во иднина ќе овозможиме непречено остварување на правата од социјална заштита и обезбедување квалитетни социјални услуги“ додаваат Шкријељ и Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

