Македонија
Утре без струја делови на Аеродром, Сопиште и Карпош
Од „ЕВН Македонија“ информираат дека утре без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 8 до 10 часот корисниците од булеварот АСНОМ бр. 14, 16, 18 и 24 (општина Аеродром);
– во периодот од 9 до 13.30 часот корисниците од село Барово (општина Сопиште);
– во периодот од 9 до 14 часот корисниците од булеварот Илинден, од бр. 24 до бр. 28 и од бр. 96 до бр. 120 (општина Карпош);
– во периодот од 10 до 12.30 часот дел од корисниците од булеварот АСНОМ и булеварот Видое Смилевски – Бато, лоцирани зад бензинската станица „Окта“, како и објектот на самата бензинска станица „Окта“ (општина Аеродром);
– во периодот од 12.30 до 15 часот корисниците од булеварот АСНОМ бр. 52, 56, 58 и 62 (општина Аеродром).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкидики патриот, татино синче и асистентче – Мицкоски и Апасиев со меѓусебни навреди во Собранието
Премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на Левица, Димитар Апасиев влегоа во вербален судир во Собранието, за време на пратеничките прашања.
Мицкоски му се обрати на првиот човек на Левица со зборовите: Потпишуваш амандмани со Северна Македонија од истата земаш плата и ја финансираш партијата, додека уживаш на егејските плажи и купуваш деловен простор во главниот град.
„Сериозно е дека фактот дека водиме држава, од истата таа држава од која ти земаш плата и добиваш финансирање на твојата партија и од која бараш документи за да ја интабулираш за да земеш кредит и да купиш нов деловен простор во центарот на главниот град за партијата Левица. Во меѓувреме ќе се подновиш со ново возило, ќе уживаш во комфорот“, изјави Мицкоски и додаде: Халкидики патриоти знам многу, но тука има луѓе кои се борат и ќе се борат за еден заеднички интерес тоа е интересот нас нашата заедничка татковина и сите граѓани од различни етнички припадности кои си ја сакаат својата татковина Македонија.
Апасиев пак, му рече дека е фрустрирано татино синче и асистентче.
„Кога веќе сакавте кукавички да си ја извадите вашата фрустрација, се надевам не сте поднапиен во овој момент, сакам дополнително да ве прашам: Како со обична професорска плата стигнавте до саат од 60 илјади евра, којшто кошта колку станот во којшто јас живеам? И дали е вистина дека планирате вашата сестра да ја вработите како доцентка на УГД, на Фармацевскиот факултет? Како успеавте со ваков вичен и правичен адвокат до Вас да го изгубите спорот со Левица? Јас ја разбирам Вашата фрустрација од тоа што не можете како за СДС, да извадите и за нас дека сме имале фирми во Сингапур, ваму, таму и сега ќе ни кажувате, одел Апасиев на одмор во Халкидики. Да! Оди. Оти е средна класа Апасиев не живее од хидроцентрали како тебе. Апасиев живее од професорска плата“, изјави Апасиев.
Македонија
Судско обвинителскиот систем е пример за заробено судство – Мицкоски решението го гледа во целосна реформа и департизација
Судско обвинителскиот систем е пример за заробено судство во кој има некои кои се слепи послушници на СДСМ и ДУИ, решението е целосна реформа и департизација. Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски на пратеничко прашање за состојбите во правосудството и Академијата за судии и обвинители.
Мицкоски вели дека од страна на судскиот совет и советот на јавни обвинители се врши брутална партизација на Управниот одбор на Академијата на судии и јавни обвинители. Нешто што досега не е запаметено.
„Имаме демократски избрана власт со повеќе од 600.000 гласови, а од друга страна има неколкумина во судската власт кои се слепи послушници на претходната влада на СДСМ и ДУИ. Отприлика вака функционира нашиот судско-обвинителски систем“, посочи Мицкоски.
Рече и дека за член на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители од редот на судиите, Судскиот совет ја избрал Антоанета Димовска, сестра на поранешната пратеничка на СДСМ Снежана Калевска Ванчева.
„Таа е избрана од страна на Судскиот совет за член на управниот одбор на Академијата на судии и јавни обвинители и тоа е спротивно на закон, бидејќи не е од редот на судиите, односно е член на судскиот совет, што претставува избрана или именувана функција и не смее истовремено да врши функција во орган на управување, како што е УО на Академијата за судии и јавни обвинители. Има судир на интереси“, посочи Мицкоски и дополни дека за нејзин заменик е назначена Емел Кранли, прва братучетка на Ветон Кранли – љубител на монети и близок соработник на Оливер Спасовски кој своевремено го назначил за началник на оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во БЈБ.
Исто така, вели Мицкоски, за член на УО во Академијата од редот на јавните обвинители, Советот на јавни обвинители ја назначил Душица Димитриеска, мајка на Ема Нешкоска, инаку актуелен член на Советот на Општина Гостивар од СДСМ и кандидат за пратеник на пратеничката листа од истата партија во изборна единица 6 на последните парламентарни избори.
Мицкоски истакна дека секогаш кога ќе се отвори темата за распуштање на овие институции, тогаш веднаш излегуваат експерти, кои долги години биле послушници на СДСМ и ДУИ, да ги бранат позициите дека тоа не може да се направи.
Според премиерот, решението и натаму е целосна реформа, целосна департизација и на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители, затоа што ако вака продолжи следниот извештај на ЕК нема да биде ваков, туку ќе биде негативен.
Македонија
Зголемен бројот на случаи со лажно претставување во име на МВР и директорот на БЈБ, граѓаните да не ги отвораат пораките
Во врска со зголемениот број на измами што годинава беа забележани, а кои опфаќаат фишинг-напади и случаи на лажно претставување во име на министерот за внатрешни работи и директорот на Бирото за јавна безбедност, Секторот за компјутерски криминал при МВР, известува дека главната цел на фишинг-измамите е да се приберат личните податоци на примателот или да се натера да посети лажна веб-страница.
Обидите најчесто доаѓаат преку електронска пошта, но и преку социјалните мрежи, СМС пораки или телефонски повици. Во некои случаи, жртвите добивале порака дека се предмет на наводни правни постапки за измислени кривични дела и се повикувале да стапат во контакт со испраќачот преку вибер или телеграм линк.
Дополнително, постојат случаи во кои граѓаните добивале пораки наводно испратени од директорот на Бирото за јавна безбедност или министерот за внатрешни работи, со кои им се соопштува дека се под истрага за извршени кривични дела и дека е потребно да се регистрираат преку е-пошта и да ги достават нивните лични податоци.
Овие електронски пораки се класичен обид за измама со цел прибирање на лични податоци за нивна понатамошна злоупотреба. Затоа, апелираме до сите граѓани да бидат внимателни, да не ги отвораат овие пораки и никако да не контактираат со испраќачот преку доставениот линк или да споделуваат лични податоци доколку тоа се бара.
За да се избегне ризикот од зараза со малициозен софтвер, Секторот за компјутерски криминал препорачува граѓаните да не отвораат сомнителни линкови и датотеки прикачени во е-маил пораки од непознати испраќачи. Дополнително, сакаме да ја информираме јавноста дека ваквите измами честопати имаат меѓународна димензија, бидејќи слични пораки се забележани и во други држави од регионот.