Македонија
(Видео) Шилегов: Опасен медицински отпад завршувал во Дрисла
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов објави видеа и фотографии, на кои, како што беше посочено на прес-конференцијата, се гледа неодговорното и несовесно постапување со медицинскиот отпад, каде што кучиња скитници јадат човечки остатоци и крв што истекува во атмосферската канализација и се влева во реката Вардар.

„Од објавеното видео се забележува начинот на кој бил третиран медицинскиот отпад во Скопје и, за жал, Градот нема податоци колку долго и колку често на ваков начин се третирал овој отпад. Наместо термичка обработка и стерилизација, се случувала несоодветна обработка на медицинскиот отпад, кој потоа завршувал на ‘Дрисла’ како обичен отпад“, посочи Шилегов.
Toj додаде дека по преземањето на „Дрисла“ на 20 јануари, Градот сега стои зад законитото и принципиелно работење на оваа депонија.

На прес-коференцијата беше нагласено дека градските власти повеќе од 50-ина дена чекаат какво било преземање дејства од Јавното обвинителство, но досега нема информација дали воопшто е почната истрага.

„Според нашите сознанија, сторителот се покрива со документација од друга надлежна институција. Затоа јас, мојот тим и главниот инспектор на Град Скопје нема да дозволиме вакво неодговорно однесување на институциите во државата. Време е, конечно, секој да застане зад своите обврски и да сноси одговорност за своето неработење. Барам ЈО веднаш да почне истрага за овој скандал, кој претставува опасност за здравјето на луѓето, а исто така барам и МЖСПП во целост и детаљно да го испита работењето на сите субјекти што се под нивна надлежност, особено оние со дозвола за обработка на медицински и опасен отпад. Здравјето на граѓаните не може да трпи компромиси“, соопшти Шилегов.

Овој случај го открил главниот инспектор на Град Скопје, Мирослав Богдановски, кој реагирал професионално и одговорно затоа што имал многу дојави од граѓани дека во кругот на фирмата подолго време се случува нешто сомнително, се шири непријатен мирис и дека отпадот не се третира соодветно.

Град Скопје информира дека досега ниту една институција нема никаков аргумент да го оправда своето непостапување по овој случај, што инспекторот со целосниот доказен материјал го пријавил во надлежното обвинителство пред повеќе од 50 дена.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди на себе.
-Први февруари 2026 година, околу 20 часот. Има драстично намалување на бројката на сообраќајни прекршоци споредено со пред 2 месеци кога почнавме со тест периодот. Имаме околу 500 сообраќајни прекршоци констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во рамки на сообраќајот зашто вие сте тие кои овозможивте драстично да се намали бројката за период од околу 2 месеци од 120 илјади прекршоци на 500, порача министерот.
Македонија
Сообраќајниот хаос во центарот ќе се намали за најмалку 30 отсто
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска официјално го означи почетокот на градежните активности на булеварот Македонија, проект за кој, како што рече, со години се зборувало, но без конкретна реализација.
Ѓорѓиевски истакна дека стартува првата фаза, која треба значително да придонесе за растоварување на сообраќајот во централното градско подрачје, со проекција за намалување на сообраќајниот метеж за најмалку 30 проценти. Првата фаза, според најавите, ќе се реализира во рок од 90 дена.
Тој најави дека веќе наредната недела ќе започне тендерската постапка за втората фаза, која ќе опфати изградба на два нови кружни текови и влез во подземна сообраќајница. Целта, како што рече, е да не се губи време и втората фаза да започне веднаш по завршувањето на првата.
Во рамки на првата фаза се предвидува проширување на дел од постојните сообраќајници, уредување на просторот, изградба на нова атмосферска канализација и поставување на 60 нови шахти, со што ќе се решава и проблемот со атмосферските води во овој дел од градот. Проектот вклучува и проширување на улицата „Пролет“, нов приклучок и крак кон булеварот „Борис Трајковски“, како и проширување и нов крак кон улицата „11 Октомври“.
Ѓорѓиевски изрази уверување дека по истекот на 90 дена ќе биде пресечена лентата за завршување на првата фаза и нагласи дека до крајот на неговиот мандат ќе вложи максимални напори, заедно со својот тим, целата сообраќајница со должина од околу два километри целосно да биде завршена. Проектот, според него, претставува еден од најзначајните за главниот град и дел од ветувањата дадени пред граѓаните.
На крајот, градоначалникот со симболична забелешка посочи дека речиси секој значаен проект што го започнуваат заедно со претседателот на Владата е проследен со дожд, што, како што рече, го доживува како добар знак и бериќет за брза и успешна реализација на градежните активности.
Македонија
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа за дрогата која била набавена во Македонија
Опозициската СДСМ денеска со остро соопштение реагираше по заплената на околу пет тони дрога во Србија, наведувајќи дека наркотиците пристигнале преку Македонија и дека станува збор за, како што велат, „картелски скандал од огромни размери“.
Од СДСМ посочуваат дека меѓу уапсените лица има и косопственик на македонска фирма, што, според нив, отвора сериозни прашања за одговорноста на институциите и можната вмешаност на државни структури.
„Како е можно пет тони дрога да поминат преку македонската граница, а Владата да молчи? Без поддршка или затворање очи од структури во власта и институциите, ваков шверц е невозможен“, наведуваат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија:
СДСM прашуваат како поминала дрогата? Одговорите на овие прашања нека ги постават кај познатиот сопственик на фабрика за марихуана Зоран Заев, независно дали се наоѓа во Струмица или на трошење на пари во сигурниот Дубаи. Директен линк со него има Венко Филипче.

