Македонија
(Видео) Андоновска: Мора да има одговорност од Филипче и Шилегов за скандалот со медицинскиот отпад
„На скандалите на СДСМ им нема крај.Уште еден во низата скандали поврзани со Министерството за здравство и Венко Филипче. Скандалозно однесување на градоначалникот Петре Шилегов, општинските инспекции, служби, државната инспекција и депонијата Дрисла излезе на виделина.Ни помалку ни повеќе медицински отпад непрописно се третирал и се носел во Дрисла, кучиња јаделе човечки органи и друг вид медицински отпад, а водата истекувала во реката Вардар“, изјави Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.
Таа запраша каде е Филипче, но и сите надлежни да одговорат за овој случај.
„Каде е Јани Макрадули, кој наместо да парадира по настани треба суштински да делува?
Филипче, ги знаеш ли воопшто протоколите за уништување на медицински отпад? Филипче, знаеш ли воопшто каде завршува тој медицински отпад?Господине Макрадули, што прават инспекциите од Министерството за животна средина, зошто не се штити животната средина и здравјето на граѓаните?Ова е скандал и на Шилегов, на инспекциските служби и на ‘Дрисла’.
Шилегов, Вие го водите градот трета година по ред, како тоа не знаете каде завршува медицинскиот отпад?! Како тоа при вонреден надзор е откриен случајот во декември?! Шилегов, сега е месец февруари!Но, не само што е февруари, што се случува во ‘Дрисла’, што прават во ‘Дрисла’, знаат ли надлежните со што воопшто работат?
За ваков невиден скандал Јавното обвинителство мора веднаш да реагира, уште повеќе досега требаше да има отворена истрага. По ваков невиден скандал во кој се вклучени Филипче, Шилегов, Макрадули инспекциските служби и Дрисла, мора да сносат одговорност.
Уште е непознато зошто во ваков еден скандал Филипче и Макрадули сè уште молчат и не си поднесуваат оставка.На 12 април ќе дојде крај на овие скандали и во Македонија ќе започне обнова заедно со ВМРО-ДПМНЕ“, додаде таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСM: ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата во Македонија, сакаат да ја замолчат опозцијата по секоја цена
ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата во Македонија со усвојување на предавничка Резолуција во Собранието, велат од СДСМ.
„Ја загрозуваат слободата на говорот и мислењето, сакаат да ја замолчат опозцијата по секоја цена, само да не се зборува за договорот мигранти за пари.
Целта е на опозицијата да ѝ биде забрането да зборува на темата мигранти, под зкана на кривични пријави, кои судовите по итна постапка би ги прифаќале. Затоа и забрзано работат на воспоставување целосна контрола врз судството и обвинителството.
Секој што ја зборува вистината за мигрантите е таргет, да му се заканат со кривична, со затвор, и на тој начин да замолчат каква било дебата за тоа што се случува надвор од очите на јавноста.
Во меѓувреме ќе пласираат лаги и ќе фабрикуваат разни лажни вести, за опозицијата, за новиот тим на СДСМ, се за и сешто“.
Затоа, според оваа партија, во предавничката Резолуција, како што наведуваат, внеле и измислици дека СДСМ подготвувала мигранти, што е целосна лага.
„Кога се носат предавнички резолуции против опозицијата тоа е автократија, вовед во диктатура, режим 2.0.
СДСМ нема да дозволи гушење на демократијата, заедно со граѓаните ќе ја одбраниме Македонија, ќе ја одбраниме демократијата.
Ќе поднесеме претставка до Уставниот суд за уривање на уставниот поредок и основните слободи за да избегаат од националните предавства.
Ќе се обратиме до сите релевантни меѓународни институции. Помош ќе побарме и од институциите на ЕУ, од сестринските партии во Европа“.
Со сите демократски алатки и механизми кои ни стојат на располагање, додаваат од СДСМ, ќе се бориме за Македонија, за слободата и демократијата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла
Времето денеска, променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до -1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 6 степени.
До понеделник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд.
Македонија
Без струја делови од скопски Аеродром, Сопиште, и Сарај
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска ( Четврок ) без електрична енергија ќе останат:
– од 08:00 – 09:00 часот, корисниците од бул.Јане Сандански бр.70 (Општина Аеродром )
– од 08:45 – 14:00 часот, дел од село Кондово, потрошувачите околу пругата и околу градинката. (општина Сарај)
– од 09:00 – 11:00 часот, корисниците од ул.14 Сопиште (Општина Сопиште )
– од 10:00 – 13:00 часот, корисниците пат за село Долно Лисиче после “Ливрам“ (Општина Аеродром).

