Забава
Чистачка од Романија украла 60 милиони долари од богата наследничка

Мајка и син се уапсени за кражба на накит вреден околу 60 милиони долари од домот на Тамара Еклстон, ќерка на поранешниот извршен директор на Формула 1, Барни Еклстон.
Марија Местер (47), чистачка од Романија е обвинета, заедно со нејзиниот син Емил Богран Савастро, за заговор за сторено кражба. Двајца мажи кои претходно уапсени за грабеж се ослободени.
Кражбата се случила на 13 декември откако Тамара со сопругот и синот отишле во Лапонија за време на божиќните празници.Марија е уапсена на аеродромот, во момент кога наводно носела накит од 18-каратни дијаманти идентични со оној украден од богата наследничка.
Кај нејзиниот син, пак, била пронајдена Луј Витон чанта слична на онаа што Тамара ја пријавила за исчезната. Марија е уапсена на 31 декември, додека Емил Богдан бил уапсена претходниот ден додека се подготвувал да лета за Јапонија. Тие се задржани во притвор и треба да се појават на суд на крајот на месецот.
Од самиот почеток, полицијата се сомневаше дека грабежот го извршил некој однатре. Работниците на компанијата што се грижи за безбедноста на имотот Еклстон се присутни таму 24 часа, што не било случај во моментот на грабежот. Еден од чуварите го напуштил имотот непосредно пред грабежот, а другиот, наводно, ги исклучил или занемарил сензорите во градината.
За време на 50 минути разбојниците биле во куќата и успеале да најдат два добро сокриени сефови во плакарот. Разбојништвото се случило вечерта околу 11 часот, само неколку часа откако Тамара и семејството тргнале за нивниот божиќен одмор.
Богатата наследничка и нејзиното семејство живеат во близина на принцот Вилијам и војвотката Кејт Мидлтон во западен Лондон, а соседи им се и сопственикот на Челси, Роман Абрамович и султанот на Брунеи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Харли го покажа секој дел од своето тело во бикини: „Невозможно е да има 59 години“

Британската актерка и модел Елизабет Харли (59), која на прагот од седмата деценија воодушевува со својот младешки изглед и совршена фигура, објави нови фотографии во костими за капење од својата најнова колекција и успеа повторно да ги воодушеви своите следбеници и навистина да им го одземе здивот.
Два модели костими за капење во кои гордо ја покажа својата витка линија совршено ги истакнаа сите нејзини атрибути и навистина е тешко да се поверува дека оваа жена наскоро полни 60 години.
Пред неколку месеци, таа ја освои титулата за најубава жена на светот, а сега слободно може да се каже дека го заслужува тоа – дефинитивно е меѓу најубавите и најсексипилните познати жени, пренесуваат светските агенции.
Додека во првата објава, Елизабет позира со пријателка и промовира два модели на костими за капење, во иста боја, во видеото кое штотуку стигна до нејзините фанови, таа покажа совршена фигура од сите агли.
Таа уживаше на песок, под палма, на сонце, море и слобода, и успеа повторно да ги шармира своите обожаватели со линијата на девојка.
Забава
Меган е виновна: принцот Хари целосно го изгуби интересот за работата на хуманитарната организација

Принцот Хари го изгуби интересот за работата на хуманитарната организација „Сентебале“ откако се ожени со војвотката Меган Маркл и се пресели во САД, изјави Коабане Теко.
„Сентебале“, основан во 2006 година во чест на принцезата Дајана, се соочува со криза по низата обвинувања за вознемирување и „женомраза“ упатени од претседателката на управниот одбор, Софи Чандаука, пишува британски „Телеграф“.
Принцот Хари и принцот Сеисо се повлекоа од организацијата минатиот месец, заедно со други членови на одборот. Теко го изрази своето разочарување што војводата и војвотката од Сасекс, и покрај честите посети на Африка, не го посетија Лесото, ниту, како што тврди, одржуваа контакт со заедницата.
„Неговото губење на интересот го уби духот на „Сентебале““, изјави Теко за „Телеграф“, истакнувајќи дека бил изненаден од повлекувањето на Хари од организацијата.
Комисијата за добротворни организации на Велика Британија започна истрага за работата на „Сентебале“.
Според организацијата, „Сентебале“ е посветена на работа со млади луѓе во Лесото и Боцвана, обезбедувајќи поддршка во областите на здравство, социјална еднаквост и отпорност на климатските промени.
Забава
Бен Афлек проговори за Џеј Ло: „Таа е спектакуларна, многу ја почитувам“

Актерот Бен Афлек одлучи да го прекине молкот и да стави крај на гласините дека тој и поранешната сопруга Џенифер Лопез повеќе не се во добри односи.
На црвениот тепих на премиерата на „Д Акаунтант 2“, познатиот актер имаше само добри зборови за Лопез, нагласувајќи дека меѓу нив нема непријателство.
„Џенифер Лопез е спектакуларна. Таа е одлична со моите деца, имаме одличен однос“, изјави Афлек за „Ентертејнмент тунајт“ и додаде: „Ги сакам нејзините деца. Тие се прекрасни. Таа е неверојатно важна и искрена личност која навистина ја ценам и сум благодарен”.
Тој додаде дека на премиерата со него биле 17-годишните близнаци Макс и Еме, кои Џеј Ло ги има од претходната врска со Марк Ентони. За време на премиерата се дружеа со децата на Афлек од бракот со Џенифер Гарнер – Виолета (19), Серафина (16) и Семјуел (13).
„Одлична вечер. Моите деца се тука, децата на Џенифер се тука. Горд сум на филмот, сакам кога доаѓаат сите деца. За мене е навистина возбудливо и забавно“, рекол актерот.
Афлек и Лопез официјално се разведоа пред четири месеци, а според извори и двајцата се справуваат со емотивните предизвици на крајот на нивниот брак, фокусирајќи се на работата.
„И двајцата се тажни што бракот не успеа“, изјави извор за „Дејли мејл“.
„Но, наместо да тагуваат, тие се фрлија на работа. И двајцата сакаат повеќе успех, повеќе хитови, повеќе награди“, додаде.